Колку живее ковид-19 на различни површини?

Научници ангажирани од американската влада сработија студија за тоа кој материјал, од најчестите што ги има по дома и во канцеларија, колку време е гостољубив кон новиот вирус. Резултатите се: во воздух најкратко (од испитаните), на росфрај најдолго (од испитаните).

Заклучоците од поопширната студија што ја имате подолу се:

- Воздух: до 3 часа

- Бакар: до 4 часа

- Картон: до 24 часа

- Пластика (polypropylene): меѓу 2 и 3 дена

- Не’рѓосувачки челик: меѓу 2 и 3 дена

На кого му чита повеќе, тука ја имате целата студија.

16 март 2020 - 15:21