Мерките ги соопшти министерката за правда, Моника Маеланд, која прво ги пофали своите сограѓани за тоа што им помагаат на своите соседи и одговорно се однесуваат.
Маеланд соопшти дека планира да регрутира дополнително 400 нови полицајци кои ќе помогнат во спроведување на рестрикциите на движење.
Според новите правила секој што ќе биде фатен дека го нарушува домашниот карантин се соочува со казни од 2.000 долари. Дополнително, ако некој биде фатен во својата викендица наместо на официјалната адреса на живеење ќе биде казнет со 1.500 долари или 10 дена затвор.
Казни има и за прекршување на забраната за организирање групни настани (културни, спортски...) и таа се движи од 2.000 долари за поединци до 5.000 долари за правни лица.