Околу носењето маски и останати факти за ковид-19

Маските за лице се корисни, ама има кога и како се корисни, и се заштита, ама не целосна, плус може да направат и поголем проблем.

- Маски за лице
Маските се ефикасни во запирање на капките плунка кои се главен начин за пренесување на ковид-19, и според некои студии се пет пати поголема заштита отколку ако не се носат маски.

Доколку си во близина на човек што е заразен, маската ги намалува шансите за ширење на болеста, истото важи и ако ти самиот си заразен, меѓутоа не ги спречува 100%. Заради ова тие се неопходни за здравствени лица или членови на семејства кои мора да се грижат за заболено лице.

Меѓутоа, според Гардијан, тие не прават голема разлика ако се возиш во автобус или пешачиш.

- Вирусот мутира
Секој вирус мутира со тек на време, и ковид-19 не е ништо поразличен. Како што жртвите се адаптираат на вирусот, така и тој се адаптира на нив. Која верзија на вирусот ќе стане пораспространета зависи чисто од природна селекција. Ова не мора да значи дека ќе преовлада нишката што е најопасна за луѓето, бидејќи вирусите што рапидно убиваат луѓе или ги врзуваат за кревет, значително ги намалуваат своите шанси за ширење.

- Вирусот не е ништо пострашен од зимски грип
Добар дел од луѓето што ќе заболат од коронавирусот нема да доживеат ништо пострашно отколку симптоми на сезонски грип, меѓутоа севкупниот профил на болеста, вклучувајќи и стапката на смртност, изгледа многу посериозна. Моменталните процени се дека вирусот има стапка на смртност од околу 1%, што значи дека ковид-19 е 10 пати посмртоносен отколку сезонскиот грип кој годишно убива меѓу 290.000 и 650.000 луѓе низ светот.

- Вирусот ги убива само старите, па младите можат да се опуштат
Болеста е потешка и пофатална за старите лица, меѓутоа голем број луѓе што се млади и без претходни болести ќе се заразат. Токму постапките на втората група (пријавување на симптоми и седење во карантин) ќе имаат важна улога во заштита на најранливите лица во општеството и одлучување на крајниот исход.

- Треба да бидеш 10 минути до заразен за да ја префатиш болеста
Ова се постоечки насоки кои важат за сезонски грип. Меѓутоа кај ковид-19 можно е да се заразиш за пократок период, па дури и од заразена површина, иако ова е поретка основа за пренесување на болеста.

- Вакцината ќе биде спремна за неколку месеци
Нема, барем 18 месеци требаат за по најбрза постапка да се добие ефикасна е безбедна вакцина.

17 март 2020 - 14:07