Комплетното затворање на земјата ќе има сериозно влијание на БДП-то на Италија, заради што и тамошната влада планира да потроши околу 25 милијарди евра за ублажување на ударот од задолжителниот карантин.
Ова значи дека земјата која има долг од околу 2400 милијарди долари, главно по банките низ ЕУ, ќе го зголеми својот долг за дополнителни 25 милијарди евра.
Европските банки моментално држат над 446 милијарди евра италијански долг кој во регуларни услови, мачно, но сепак редовно се опслужува и се поднесува од банките. Но како што ковид-19 се шири низ светот, италијанскиот долг претставува „двоен товар на финансиските системи кои треба да се справат со економскиот притисок дома.“
Процената на Блумберг е дека коронавирусот може да ги упропасти долгогодишните напори за преструктуирање на италијанските банки, а продолжениот карантин ќе ги врати во игра лошите позајмици што италијанските банки со години се трудеа да ги намалат.