
Првиот човек на Центарот, Лотар Вилер, објаснува дека има растечки број на случаи во кои синџирот на заразување не може да се открие затоа што има голем број луѓе што се заразени. Вилер порача дека заради новите проценки станува уште поважно за народот во Германија да ги почитува мерките наметнати од федералните и локалните власти за ограничување на движењето.
Денес Германија имаше вкупно 6.012 регистрирани случаи и 13 мртви. Процената на Вилер е дека бројката е нецелосна и значително поголема заради ограничениот капацитет на тестирање на Германија и чекањето од три до четири дена за добивање на резултатите.
Според сајтот на Центарот за контрола на болести, процената на ризикот предвид го зема познавањето што е достапно за меѓународната состојба со вирусот, сегашната епидемиолошка ситуација во Германија и достапноста за заштитни мерки и терапии. Во предвид се земаат и:
- Преносливоста: бројот на случаи и трендовите во пријавените случаи во Германија и во другите држави.
- Тежината на вирусот: Соодносот на тешка, клиничко критична и фатална прогресија на болеста во Германија.
- Потрошувачката на ресурси во германскиот здравствен систем и останати држави: Земени се предвид мерките што се преземаат во секој случај, како и основните можности за превенција и контрола.
Во областа Хајнсберг во Северна Рајна-Вестфалија каде што се случи еден од првите ланци на зараза нивото на закана е на „многу високо“, што е најгорното ниво во скалата.
„Ако не успееме да го забавиме ширењето на болеста, треба да претпоставиме дека во претстојните месеци ќе имаме неколку милиони мртви.
Задачата сега е како да се зголемат капацитетите на системот за здравствена заштита.
Очекуваме сите болници барем да ги дуплираат своите капацитети за интензивна нега,“ изјавил Вилер.
Како дел од мерките, Центарот започна со обука на студенти како да го следат вирусот и да откриваат нови заразени случаи. Истовремено тие работат на дигитални алатки кои треба да ја забрзаат работата на јавното здравство.
Во меѓувреме германските власти организираа авионски превоз за Германците заглавени во странство.