Како функционира сапунот?

На молекуларно ниво, сапунот ги разбива нештата. На оштествено ниво, тој помага нештата да се одржат заедно.

Најколоквијално објаснето:

Молекулите на сапун имаат два дела. Едниот сака вода, другиот бега од вода, со други зборови, мрсен е.

Вирусот има обвивка која е слој сличен на молекулите на сапунот, и е мрсна во внатрешноста, а сака вода на надворешната површина.

Мрсниот дел на молекулите на сапунот, "бегајќи" од водата, се забива во внатрешноста на обвивката на вирусот, и со тоа ја распрскува. Во тој момент вода влегува во вирусот и го убива.

Деловите на вирусот се сардисани од молекули на сапунот, кои формираат меурче, со мрсните делови внатре (нели бегаат од водата која е надвор) и деловите кои сакаат вода надвор. Потоа водата ќе ги однесе меурчињата, и со тоа вирусите ќе бидат уништени и измиени.

Тоа е главната поента на сапунот, кој го користиме веќе неколку илјади години. 

* повеќе детали и финеси, кај Њујорк тајмс.

15 март 2020 - 18:25