Черил Ман во метро ќе ја познаете по тоа што носи маска, пишува Тајм на оваа тема. Во њујоршко метро тоа е толку ретка сцена што другите патници редовно зјапаат во неа што 20 годишната студентка и асистент истражувач ја прави да се чувствува понижено и неразбрано.
Исто ѝ е и на работа каде е единствената која носи маска па другиве знаат да досаѓаат што е проблемот, да не е болна нешто.
„Зошто мислат дека се работи за мене? Па тоа е граѓанска должност. Ако имам маска и ако се заразам, таа ќе помогне кај мене да прекине ланецот на пренесување и така да спасам многу животи,“ вели Ман која етнички е Кинеска.
Тоа е совет околу кој се согласуваат здравствените експерти во Хонг Конг каде таа е порасната и таа му верува на тој совет. А Хонг Конг е убедлив шампион во носење маски, дури и во азиска конкуренција каде тоа е вообичаена пракса. Јужна Кореја, Сингапур и Јапонија делеа маски на граѓанството а Тајван и Тајланд забранија извоз за да се задоволат домашните потреби.
Од друга страна, во САД носењето маска кога човек е здрав толку се обесхрабрува од надлежните инстанци што тоа веќе се смета за социјално неприфатливо однесување. Овојпат американската влада е во линија со СЗО дека маска треба да носат само болни и оние кои непосредно се грижат за нив. Ако сите тргнат по маски, маски ќе нема за оние на кои најмногу им требаат: двете наведени групи и медицинските екипи.
Поддржана од лекари и експерти, 'западната школа' повторува дека оние маски кои обично се носат од луѓето се бесмислени бидејќи и онака не дихтуваат и не го штитат носот и устата од внес на вирус.
Но, Азија има свои авторитетите и се држи до нив. Меѓу нив и Давид Хуи, експерт за респираторни проблеми во Кинескиот Универзитет во Хонг Конг, кој ја има студирано епидемијата на САРС од 2002/2003 година. Вели, здравиот разум ви кажува дека маската е корисна. Колку и да е несовршена, таа сепак е некаква бариера која може да ве заштити од респираторните капки на болен човек. Особено во случај на ковид-19 кога не се знае кој е носител на вирус.
Ху додава дека недостатокот на цврсти аргументи во полза на маските не е доволна причина тие да се отфрлат, бидејќи на оваа тема можеби никогаш нема да се дојде до дефинитивен научен заклучок. Едноставно, такво истражување би било неетично: прописно истражување би требало на случаен примерок луѓе, да им кажете пола да носат маски, а пола не, а потоа сите да ги изложите на вирусот.