Вести

Зошто да ги сопреш чамците кога можеш да ги сопреш протестите

Она што во Велика Британија започна како криза со порозната водена граница, се претвора во криза на државниот легитимитет. Држава што не може да ги контролира своите граници, не може да ги штити своите граѓани. Држава што ги става лажните права на нелегалните мигранти пред тешко стекнатите права на граѓаните не може да очекува лојалност на Британците.

Се распаѓа прогресивниот проект на Педро Санчез

Социјалистичкиот премиер на Шпанија заслужи глобални аплаузи кога му одеше контра на Трамп и ја осуди војната со Иран. Но, дома му избега тлото под нозете. Во нокдаун го однесоа корупциски скандали на негови најблиски луѓе (жена му, брат му...) а ги запрепасти Шпанците кога легализираше половина милион илегалци. Подоцна десантот врз шпанската енклава Сеута покажа дека погрешно е да се романтизира таа тема. 

Може ли вештачката интелигенција сама да заслужи Нобелова награда?

Вештачката интелигенција веќе има помагано во освојувањето на Нобеловата награда. Сега се поставува прашање за следниот, многу поамбициозен чекор. Може ли таа сама? Да не биде само корисна алатка туку независно да постави хипотеза, да спроведе истражувања и да дојде до откритија што ја менуваат науката и животот?

Речник

Младиве се прават БОРГ-и

Еден тренд на пиење во последниве години ги освојува факултетите и ТикТок, а младите наивно веруваат дека тоа што го пијат помага за полесни мамурлуци. А кога се знае што и колку има во еден БОРГ, јасно е дека Господ не помага во таков мамурлук. Ама па на младите кои се растени во карантини им помага да почнат муабет.   

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Шише бурбон од Кентаки кое чини 1.370 денари освои едно од најголемите признанија во годината, победувајќи вискија што чинат и 10 и 20 пати повеќе од него. Стар рецепт, рачно насликано лого... Не го барајте кај нас по рафтови. За жал, се продава само во Кентаки.

Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Легендата на „Монти Пајтон“, Џон Клиз, нагазува уште повеќе на тема ислам откако активисти поднесоа жалба со која побараа од британската програма за борба против радикализацијата да се испита случајот поради неговите ставови. Сите на кои им пречат неговите критики на исламот, Клиз ги потсетува да видат како беше третирано христијанството од него и другите монтитпајтоновци. 

Братот на Пабло Ескобар го тужи Епл за 2,6 милијарди долари

Му продале телефон за кој тврделе дека е непробоен ама му бил хакнат и со тоа му била нанесена емотивна вознемиреност и се чувствувал понижен. Па со пар милијарди долари, самохраниот брат малку од малку да ги закрпи своите рани.

Трамп нареди бркање на демонстранти со солзавец за да може да се слика со библија

Солзавец, гумени куршуми, топовски удар и полицајци на коњи беа употребени за отстранување на демонстрантите пред Белата куќа и отворање на пат за американскиот претседател да може да стигне до блиската „Црква на претседателите“.

Кина почна со фаќање сеир што на САД му се случува Хонгконг

Немајќи ни време да заборават што американски политичари ги нарекуваа протестите во Хонгконг „убава глетка“, Кинезите (меѓу другото) директно ги прашаа Пелоси и Помпео треба ли и Пекинг да ги поддржи демонстрантите во САД, како што тие ги глорификуваа демонстрантите во Хонгконг?

Беснеење и пљачкосување низ Америка

Тоа што започна како протести околу убиството на Џорџ Флојд, и се претвори во масовно движење против полициското насилство во САД успеа во одредени моменти да мутира во чисто безредие, пљачкосување и уништување на јавна (полициска) сопственост и приватна (од мали трговци) сопственост. За сега уништувањето е далеку повпечатливо отколку мирниот дел од протестите.

Одмаздата на либискиот шверцер

Семејството на либиски шверцер на луѓе што беше убиен од мигранти, уби 30 мигранти како одмазда за својата загуба, објавија властите во земјата.

Далеку сме ние од имунитет на стадото

До култура на стадото одамна имаме стигнато, особено во поглед на менталитетот кој го манифестираме во нашите Фејсбук трла и Твитер бачила. Но, до имунитет на стадото имаме уште да весламе.

Американски градови добија полициски час

Минеаполис, Сиетл, Портланд, Денвер, Атланта, Лос Анџелес, Кlивленд, Колумбус, Питсбург, Филаделфија. Од 8-9 навечер до сабајле.

Виетнам има 97 милиони луѓе. И нула ковид жртви.

Изгорени од претходните епидемии и поучени од искуството дека во случај на голема беља, никој друг нема да им помогне освен самите себе, Виетнам почна да се подготвува за коронавирусот уште кога СЗО тврдеше дека не се пренесува од човек на човек. И плус комунизам. 

Швајцарија до проститутките: Работете но држете социјална дистанца

Сексуалните работнички во Швајцарија од следната недела ќе можат да продолжат со работа (кој сака, може и од дома). Подготвени им се и соодветни протоколи со препорачани практики за држење социјална дистанца. Во мирнодопски времиња тоа се викаа пози.

Кина ќе воведува „кулирање“ пред развод

Сите брачни парови во Кина што во иднина ќе сакаат да сменат статус во сингл, ќе треба прво еден месец да оладат пред да добијат дозвола за развод. И кинески брачни парови одма се побунија против ова.

Кога ќе почне крадењето, ќе почне пукањето

Доналд Трамп, како што само тој умее, истури кофа напалм на и онака насилните протести во Минеаполис, притоа уникатно успевајќи да не смири ниту еден единствен човек на која било страна на протестите.

Ако викаш дека не можеш да дишеш, тогаш можеш да дишеш

Гневот на јавноста околу умирањето на приведениот црнец кого полицаец го имаше нагазено на асфалт со колено како да е змија ѕвечарка, се префрли на градоначалникот од Мисисипи кој реши да го брани полицаецот со горенаведениот аргумент. И да се прашува кој ќе сака утре да станува полицаец ако тие страдаат за вакви работи.

Студија: Фаќање корона во ресторан со еркондишн

Кинезиве педантно реконструирале еден фамилијарен ручек во ресторан со централна вентилација од кој произлегле вкупно три ковид кластери бидејќи се заразиле уште две фамилии кои седеле на соседните маси. Ако треба брзо наравоучение: гледајте од каде дува тоа климата.

Генерал електрик ја изгаси сијалицата

Американската компанија Генерал електрик го продаде својот бизнис за сијалици започнат од Томас Едисон пред повеќе од 140 години. Тоа е како Томи веќе да не прави мајонез или... Јафа ресани.

Кога Кинезот ќе реши да тестира

 Вухан, епицентарот на глобалното пореметување на животот на оваа планета. За 10 десет дена извршиле 6,5 милиони тестирања за коронавирус.

Источна Европа го сака мирот од полицискиот час во недела

Источните членки на ЕУ, барем оние католичките, се надеваат дека ќе може трајно да задржат дел од мерките за изолација против ковид-19, конкретно оние што забрануваа работа на продавници во недела.

Јужна Кореја одново воведува мерки на социјално дистанцирање

Неколку нови кластери на ковид-19 во земјата и властите на Јужна Кореја решија да скинат некои од олеснувањата кои беа воведени по стишувањето на првиот бран на епидемијата.

Ултра-богатите најдоа како да стигнат до своите јахти, за 16.000 долари од час

Една од најголемите богаташки маки периодов е што имаат неброени пари, а немаат каде да се шетаат со нив и каде да ги трошат. Олеснувањето на глобалните забрани за движење, ги олесни и овие проблеми.

Како ремдесивир го победи хлорокинот?

Иако вториов е неспоредливо поевтин и има многу безбедна историја на користење, доволно беше некој од  горе да намигне во другата насока и ремдесивирот преку ноќ да стане хит во борбата против ковид-19. Има ли пари во оваа приказна? Нормално дека има. 

Што ли се крие зад „расизмот“ на коронавирусот?

Ковид-19 ги убива црните Американци со снајперска прецизност. Тоа е помлада популација од белата па сепак, шансите црнец да ујмре од вирусот во САД се над 350 проценти поголеми во споредба со белците. А тоа не е единствената био-социолошка чуденка во врска со ковид-19. Останува уште многу за да се објаснат Швајцарија, Руанда, Белгија....

Твитер почна да го етикетира Трамп

Два твита на американскиот претседател добија придружно предупредување дека се спорни во поглед на изнесените факти. На Трамп не е човек да му верува ама застрашувачки изгледа и иднината во која врховен судија на тема вистина ќе имаат моќни мултинационални приватни корпорации кои бркаат профит.   

Нормално дека милијардерите ја сакаат вселената. Земјата е премала за нивното его

Неделава Спејсикс на Маск ќе ги лансира првите американски во вселената по девет години. Ова треба да биде инспиративно, но долу на земјата работниците се уште страдаат.

Комунистите го наслутија планот за чипирање со вакцини против коронавирусот

Лидерот на руската Комунистичка партија, Генадиј Зјуганов, верува дека евентуалната вакцина против коронавирусот е дел од капиталистичка завера за чипирање на човештвото што пак ќе осигури негово „дигитално поробување“.

Не кладете се дека ќе има вакцина

Во моментов во светот се работи на преку 100 проекти за доаѓање до вакцина во кои се користат дури 8 различни пристапи кон проблемот. Сите се во толку рана фаза што не се сигурни дали некогаш ќе се дојде до резултат. Веројатно вирусот ќе остане, а ние, кој како.