
Благодарејќи на сијалиците на ГЕ е одржан првиот ноќен безбол натпревар во 1935 год, три децении пред да се создадат првите ЛЕД светла, исто така во лабораториите на оваа компанија.
ГЕ веќе неколку години се обидува да го продаде овој дел од бизнисот бидејќи е сè помалку доходовен за ваков конгломерат кој имаше проблеми и со други деловни гранки кои во меѓувреме проба да ги развива, од биофарма до куќни апарати.
Купувачот е најден во компанијата Савант која ќе плати 250 милиони за бизнисот и брендот и ќе ги преземе околу 700-те вработени.
Томас Алва Едисон ја формираше компанијата Генерал електрик копмани која потоа се спои со Томсон-Хјустон за во 1892 година да се добие ГЕ во денешниот облик. Веднаш потоа, Едисон ги продаде акциите.