
Владејачката партија на Словенија на првичното гласање го поддржа законот за затворање на продавници во недела, а слично нешто планира и словачкиот премиер. Во Хрватска, владата се откажа од комплетното затворање на продавниците во недела и сега се обидува да протне закон со кој продавниците ќе бидат отворени само 14 недели годишно.
Во Словенија 95% од синдикатите на трговските работници се за затворање во недела дури и ако тоа значи пониски плати. Во Словачка 3/4 од луѓето го поддржуваат задржувањето на забраната за продажба дури и по укинувањето на мерките против ковид-19.
Благородната идеја дека работниците треба да имаат барем еден фиксен гарантиран неработен ден во неделата, а со тоа и малку да се заузда темпото на животот, најчесто паѓа пред математиките на продавачите. Така хрватските трговци ја оборија забраната на владата откако нивните математики покажаа дека недела им е втор по зафатеност ден во седмицата и дека 5.000 лица ќе останат без работа. Во Словенија предупредувањето (заканата) беше дека со затворање на продавниците во недела 13.000 лица ќе останат без работа.