Американски градови добија полициски час

Минеаполис, Сиетл, Портланд, Денвер, Атланта, Лос Анџелес, Кlивленд, Колумбус, Питсбург, Филаделфија. Од 8-9 навечер до сабајле.

Во пресрет на уште една реприза од неконтролирани протести ширум земјата по повод смртта на брутално притвораниот Џорџ Флојд кои се претворија во масовен апашлук и вандализам, во дузина американски градови се воведени полициски часови.

Минеаполис

„Ако останате надвор и после полицискиот час кој почнува во 8 навечер, им помагате на оние кои ги користат толпите за да стрвинарат во градот и да ја униуштуваат нашата заедница,“ порача градоначаникот.Џејкоб Фреј.

Националната гарда на Минесота е целосно мобилизирана а казната за прекршување на полицискиот час е 1.000 долари и 90 дена затвор.

Лос Анџелес
500 уапсени. Полицискиот час (20 - 5:30) првично важеше само за Даунтаун но потоа беше проширен на цел ЛА.

„Секогаш ќе го штитиме и правото на слободен говор и правото на Анџеленосите да живеат без страв од насилство и вандализам“, вети градоначалникот Еерик Гарсети.

Чикаго
Чикаго е забранет за движење од 9 навечер до 6 сабајле. Градоначалничката Лори Лајтфут ги пофали оние демонстранти кои протестирале мирно но имало доста од оние кои биле дојдени за тепачки со полицијата или онака, да се крши нешто.

Атланта
Полицискиот час е воведен откако беа палени полициски коли, фрлани молотови коктели врз полицијата, вандализиран градот и објектите а настрада и седиштето на CNN.

Слични "fear & loathing" сцени и причини за полициски час имаа и Денвер, Сиетл, Питсбург, Портланд, Филаделфија, Кливленд и други градови.

Да се спречи ескалација на гневот некогаш е доволен еден паметен и вешт полицаец:

Некогаш граѓани го штитеа градскиот и приватен имот од провали и пљачкања:

Кога ептен мора, ќе излезе и тој:

А гужва и неред немаше само на улиците туку и во објективните и политички неутрални фреквенции: во онаа која ја користатат полицајците, се уфрлува српска музика:

 

31 мај 2020 - 10:03