На еден од претседателските брифинзи на крајот на март, главниот здравствен авторитет во САД, доктор Ентони Фаучи обелодени охрабрувачки прелиминарни резултати на една студија која не беше рецензирана a се однесува на ефектите на интравенозниот експериментален антивирален лек ремдесивир на пациенти хоспитализирани заради ковид-19.
Со ворп брзина, веќе утредента Федералната агенција за храна (ФДА) и лекови го одобри ремдесивирот за сериозно болни и хоспитализирани ковид пациенти. За заедно да ја објават веста која носи надеж, Трамп во Белата куќа го прими првиот човек на Гилеад, компанијата која го произведува лекот.
Ваквата брзина на давање употребна дозвола на лек е невообичаена за ФДА. За да биде одобрен и за ковид, на хидроксихлорокинот (HCQ) му требаа два месеца откако се потврдија неговите позитивни ефекти во Јужна Кореја и Кина. А генерално, HCQ е одобрен уште во 1955 година за лекување маларија а подоцна и за лупус и реуматичен артритис. Во текот на тие 65 години користење, издадени се стотици милиони рецепти со него и лекот има импресивна историја на безбедна употреба. За артитис не е потребен ни претходен ЕКГ бидејќи ризикот од срцеви компликации е безначаен.
Од друга страна, ако поблиску се разгледа ремдесивир студијата која Фаучи ја испофали пред таа да го пројде стандардниот тест на научната заедница, таа покажува скромни (но фино спакувани бенефити) на лекот. Се вели дека пациентите кои го добивале лекот биле отпуштани од болница во просек 4 дена порано од оние кои добивале плацебо, но притоа не се утврдени критериуми како се утврдува подобрување на состојбата. Стапката на смртност не е битно различна. Една четвртина од ремдесивир третираните имале жесток развој на болеста, вклучително дисфункција на повеќе органи одеднаш, септички шокови, акутни бубрежни пореметувања и низок притисок, а 23% минале со оштетен црн дроб.
„Објавување на прелиминарни резултати во политичко опкружување, пред публикацијата да биде научно рецензирана е крајно необичен потег. Науката прво треба добро да ги анализира податоците за евентуалните последици за да суди за користа. Премногу важно е ова прашање за да биде вака третирано“, вели доктор Стивен Нисен, кардиолог со богато искуство на клинички тестирања.
Уште посуштинска забелешкка околу студијата имаше еден од водечките француските авторитети, Дидее Рау, кој отворено праша зошто примарната цел на истражувањето била променета ВО ТЕКОТ на истражувањето. Имено, првично смртноста била примарна цел на истражувањето за подоцна таа да стане секундарна цел на студијата а за примарна да се прогласат деновите на опоравување.
Промените во целите на едно истражување секогаш предизвикуваат сомнеж и сугерираат дека се работи за таканаречен “p-hacking” односно манипулирање со податоците за да се добие статистички значајна п - вредност.
Но, Гилеад веќе има мултимилионски договор за производство на ремдесивир со американската влада и војска. А мнозински акционер во Гилеад е фамозната/озлогласената БлекРок, финансиска Годзила која има толкаво влијание во Вашингтон што ѝ беша дадена доверба да менаџира 4,5 трилиони долари од федералните резерви поврзани со ковид програмата.
И тоа не е сè. Деветмина експерти од државниот панел кој одобрува третмани имаат обелоденето дека имале финансиски добивки од Колеад.
И само јако наивни луѓе можат да се чудат зошто главна тема веќе не е хидроксихлорокинот, лекот кој за вообичаен третман од 5-7 дена, пациентот го чини помалку од 10 долари (37- 63 центи по таблета) а главен „еликсир“ стана ремдесивирот за кој треба да се плати 1.000 долари по доза, плус болнички трошоци бидејќи се дава само во такви услови.