Комисијата за национална безбедност на Сенатот, која спроведува истрага за Ентони Фаучи, обезбедила копија од телефонот што докторот го користел додека го командуваше одговорот на САД на пандемијата на ковид.
Комисијата денеска треба да гласа дали ќе биде покрената кривична постапка против поранешниот директор на Националниот институт за алергии и заразни болести поради непочитување на Сенатот затоа што на сослушувањето пред една недела одби да одговара на прашањата. На повеќе од 100 прашања се повикал на правото да молчи според Петтиот амандман.
Копијата на телефонот ја доставило Министерството за здравство. Анализа на податоците може да обезбеди докази за постапките на Фаучи во однос на здравствените мерки наметнати врз Американците за време на пандемијата и за потеклото на коронавирусот.
Министерството неодамна до Конгресот достави и копии од дневниците на Фаучи од времето на пандемијата. Сенаторот Ранд Пол, кој е на челото на Комитетот, како и Рон Џонсон, кој го води Поткомитетот за истраги, добиле уште милиони дополнителни документи поврзани со Фаучи од владините сервери и продолжуваат да бараат уште материјали.
Во меѓувреме, најмалку четири сојузни држави предводени од републиканци започнаа сопствени истраги за Фаучи.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.