Сенатори на сослушувањето педантно изброиле дека докторот Фаучи 111 пати се повикал на правото од Петтиот амандман од Уставот на САД.
Фаучи се бранел со молк дури и кога сенаторот Ренд Пол, претседателот на Комитетот за внатрешна безбедност, го потсетил дека нема право да се повикува на Петтиот амандман, затоа што веќе има имунитет од кривично гонење. Поранешниот претседател Џо Бајден на последниот ден од својот мандат го помилува д-р Фаучи за сите прекршувања на закони што можеби ги сторил од 2014 година како директор на Националниот институт за алергии и заразни болести (НИАИД). Помилувањето не ги опфаќа постапките по 2019 година.
Со оглед на тој имунитет, дали сè уште имате потреба од заштитата што ја нуди Петтиот амандман? Сè што требаше да направите денес е да ја кажете вистината. Дури и да признаевте дека сте уништиле илјадници документи, немаше да има никаква казна. Тоа едноставно ќе беше вистината, изјави Пол.
Фаучи сепак одбил.
На крајот од сослушувањето, Пол најави дека Комитетот идната недела ќе гласа дали да го обвини Фаучи за непочитување на Конгресот.
Сенаторот Пол со години бара одговорност од Фаучи за лажно сведочење пред Конгресот за тоа дали Националните институти за здравство (NIH) финансирале истражувања за стекнување функции кај вируси на институтот за вирологија во Вухан, Кина, и дека помагал за прикривањето на потеклото на ковид.
Неколку дена пред сослушувањето, Пол објави повеќе од 1.000 страници од личниот дневник на д-р Фаучи што ги опфаќаат пандемиските години.
Она што д-р Фаучи го бележел приватно и она што ѝ го кажуваше на јавноста се две различни приказни, забележа Пол.
Фаучи, на пример, во 2022 година изјави дека „нема никаква врска“ со затворањето на училиштата за време на пандемијата, а во дневникот запишал дека го убедил градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, да ги затвори училиштата во 2020 година.