За претстојната учебна година се пријавени околу 4.900 првачиња помалку од лани, предупреди министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа истакна дека бројката не е конечна, бидејќи се уписите се отворени до септември
„Жал ми е што морам да кажам, но тоа е факт, од лани до годинава има околу 4.900 првачиња помалку. Колку и да се запишат, уште 2.000 да се запишат, ќе бидеме со најмалку 3.000 првачиња помалку. Тој тренд го очекуваме и следната година, што е поразително за оваа земја“, изјави Јаневска.
Намален е и бројот на ученици во средните училишта, но не драстично. Бројките не се дефинитивни зашто има и трет уписен рок во август.
Во врска високото образование, Јаневска рече дека е намален интересот за студирање математика, физика и географија, а во одредени делови и за македонски јазик.
„Пазарот на труд е одлично покриен со информатика, електротехника, машинство, тие се над 90% вработени. Имаме недостиг на работни места за дел од општествените науки. Економија е одлично покриена и тие се речиси сите вработени. Право малку послабо... Затоа оваа година направивме мала рестрикција во квотите“, додаде министерката.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.