Мерката на кинеската влада е со цел намалување на бројот на разводи и во основа целиот „товар“ паѓа на администрацијата која ќе треба обработувањето на поднесеното барање да почне да го обработува со одлагање од еден месец. Предвидено е правилото да важи само во ситуации кога и двете страни бараат развод. Кога само едната страна ќе побара развод тогаш процедурата ќе се одвива по редовна процедура.
Како ретко кога Кинезите се кренаа против ваквиот закон, обвинувајќи дека со него државата најдиректно се меша во приватните врски на граѓаните.
Бројот на разводи во Кина е во постојан раст од 2003, кога брачните закони беа опуштени. На ова со тек на време се надоврза се поголемата финансиска независност на жените, заради што „непромислените разводи станаа почести и не придонесуваа кон семејната стабилност“.
Минатата година се разведоа 4,15 милиони кинески брачни парови, во 2003 бројката беше 1,3 милиони парови.
На 1 јануари 2021, во сила стапува нов закон кој меѓу другото ги заменува постојните закони за брак, посвојување и сопственост на недвижности.