Беснеење и пљачкосување низ Америка

Тоа што започна како протести околу убиството на Џорџ Флојд, и се претвори во масовно движење против полициското насилство во САД успеа во одредени моменти да мутира во чисто безредие, пљачкосување и уништување на јавна (полициска) сопственост и приватна (од мали трговци) сопственост. За сега уништувањето е далеку повпечатливо отколку мирниот дел од протестите.

Проблемот со уништувањето кое се случува во моментов низ градовите на САД е што во него не се прави разлика меѓу објекти на големи корпорации и дуќани на мали трговци (не дека и првите се легитимна мета за уништување). А кога на блиски заедници во помали места ќе почнеш да им уништуваш локални дуќанчиња, тоа обично се памети многу повеќе отколку која било праведна агенда што се обидуваш да ја истераш.

Во целата ситуација брилјира и американскиот претседател кој е на добар пат лешинарски да извади најголема корист од ваквите немири и сцени на уништување, за чие смирување тој ни најмалку не придонесува, напротив, дури и ја распалува ситуацијата со најавување на најразлични строги мерки за безбедност и смирување на протестите. А како што покажаа последниве 4 години на Трамп многу подобро му оди кога целата држава е поделена околу вакви прашања, отколку кога е извадена од памет околу корона.

Па имаш вакви глетки:


И вакво терање правдина:


На што добиваш ваква реакција / пријателски совет:


 

1 јуни 2020 - 12:04