Твитот посветен на немирите во градот, предизвикани од убиството на еден црнец од страна на полицијата, идентично ги распали гневните демонстранти кои веќе трет ден (дивеат) се на улиците на Минеаполис, и делот од домашната публика која веќе трет ден плука по истите демонстранти.
На кратко, откако порача дека градоначалникот е слабак, Трамп изјави дека Националната гарда е на готовс, па „кога ќе почнат пљачкосувањата, ќе почне и пукањето“.
Во четвртокот вечерта толпа упадна во полициската станица во која бил ангажиран полицаецот што го уби Џорџ Флојд и ја запали. Полицаецот беше отпуштен во вторникот, меѓутоа против него не беше поднесено обвинение за убиство. На видеото објавено на социјалните медиуми се гледа како полицаецот со колено е потпрен на вратот на легнатиот (и со лисици) Флојд, кој се жали дека не може да дише.
Околу твитот реагираше и Твитер, кој делот со „почнува пукањето“ го толкува како глорификување на насилство и заради тоа го обележа твитот на Трамп со посебна етикета, во која наведува дека не е избришан затоа што тој е од јавен интерес.