Видеото од сцената на бруталното ставање лисици со нога на врат додека човекот запомага дека не може да дише брзо стана вирално, човекот подоцна почина во притвор, инволвираните полицајци добија отказ и против нив ќе се водат соодветните постапки....
Но, случајот доби продолжен публицитет заради градоначалникот на местото Петал во Мисисипи кој со неколку коментари на социјалните мрежи дополнително ја збесна јавноста.
Хал Маркс вели дека полицаецот е прерано осуден од јавноста без да се знаат сите факти за случајот. Вели дека снимката не го покажува претходно дадениот отпор на човекот кој се приведува. И дека е можно тој да умрел од срцев удар или од овердозирање со дроги а не од овердозирање со колено во врат.
„Ако зборувате за инцидентот, јас таму не гледам ништо неразумно. Ако можете да кажете „не можам да дишам“, тоа значи дека можете да дишете. Најверојатно човекот има умрено од дроги или инфаркт. Видеото не го покажува неговиот отпор пред да биде совладан а целата полиција неправедно е распната,“ твитна Маркс.
Подоцна твдеше дека погрешно бил интерпретиран и дека само сакал да укаже на фактот дека јавноста често прерано ги осудува полицајците, без да ги знае сите факти и околности на случаите. А неоправдано лошата репутација води кон тоа службите на редот и мирот да се соочуваат со кусок луѓе, тоест колена, во своите редови.