Црквата што ја посети Трамп беше запалена за време на викендот во судирите меѓу демонстрантите и полицијата. Сеинт Џон црквата во близина на Белата куќа стандардно е посетувана за миса од секој американски претседател почнувајќи од Џејмс Медисон (4-от претседател на САД).
Пред да тргне кон црквата, Трамп има обраќање во Белата куќа и за време на обраќањето се слушаат експлозиите од солзавецот и топовскиот удар.
По завршување на говорот, тој пешки се упатува кон црквата.
Инаку, Трамп најави дека освен националната гарда и војската ќе биде активирана за смирување на протестите, а во исто време на интернет се појавија видеа од воени хеликоптери како летаат над демонстрантите во Вашингтон.