На 23 јануари, семејството А доаѓа од Вухан во Гуанж7у. Утредента, на 24 јануари, одат да ручаат во ресторан X. Семејствата Б и Ц седат на соседните маси. Ресторанот е со централна вентилација, без отворање прозорци а растојанието меѓу масите пристојно, повеќе од еден метар.
Подоцна истиот ден, еден член на самејството А развива симптоми на болеста. До 5-ти февруари се разболуваат уште 9 луѓе: 4 члена од А, 3 од семејството Б и двајца од Ц.
Дури 10-мина истражувачи се имаат потпишано на оваа студија (Кинези никогаш не кубуреле со луѓе) која ги реконструирала можните патишта на заразување. Притоа развиле неколку сценарија и главната претпоставка е дека заразата е од човечки капки. Но, тие сами по себе не би успеале да дојдат од масата А до масите Б и Ц доколку воздухот бил мирен, односно доколку немало струење на воздухот, овозможено од вентилацијата. Притоа, утврдено е дека самиот вентилациски систем не ја ширел заразата бидејќи во неговите фултри и канали не е најден вирус. Ама затоа циркулацијата која ја прави веројатно помогнала од еден ручек да се создадат три кластери.
Меѓу другото, семејствата A и Б се преклопувале со ручекот 53 минути и А и Ц 73 минути.
Добрата вест е што тој ден (24 јануари) во ресторанот имало вкупно 83 гости. Освен оние 10 кои се разболеле, другите 73 биле идентификувани како блиски контакти па биле ставени бо 14 дневен карантин. Никој од нив не развил болест.
А сега мапите: