
Министерот за здравство објави дека во следните две недели музеите, парковите и уметничките галерии во Сеул ќе бидат затворени. Плус, компаниите се поттикнати од власта повторно да воведат флексибилни работни услови.
Корејскиот центар за контрола и превенција на болести, објави дека имаат 79 нови случаи, од кои 67 во Сеул, што е најголем раст на бројот на новозаразени во последните 53 денови. Претходниот рекорд е од 5-ти април со 81 заразен. Во Сеул и околината живее половина од 51-милионската популација на Јужна Кореја.
Најголемиот број од новите случаи се поврзуваат со логистички центар (магацин) на една од најголемите он-лајн продавници во земјата. Според властите, околу 4.100 вработени и посетители на објектот се под само-изолација, а до сега над 80% од нив се тестирани.
Заедно со новите случаи билансот од ковид-19 во Јужна Кореја е 11.344 заразени и 269 починати.