Вести

Кој ги запали младите во Франција?

Се крева чад во близина на Ајфеловата кула, горат училишта, Париз е блокиран со барикади... Протестите што почнаа во училниците поради претерано напорен распоред на часовите прераснуваат во уличен хаос, потпалуван од левичарски и од исламистички групи, кој може само да биде подарок за претседателските амбиции на Марин Ле Пен.

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Во менталитетот на Американците е вградена теоријата дека поседувањето сопствен дом е сигурна инвестиција, која гарантира финансиски успех поради долгорочниот раст на цените на недвижностите. Сепак, анализа на „Волстрит журнал“ укажува дека во повеќето случаи е поисплатливо да се живее под кирија, а парите издвоени за домот да се оплодат со инвестиции.

Германците најмногу се плашат од сопствената влада

Помина времето кога Германците беа загрижени од климатските промени или од ризикот од војна. Главниот страв сега им e дали ќе останат без пари, состојбата на економијата и особено нефункционалноста на државата, покажува новото годишно истражување German Angst. Друга анкета покажа дека рејтингот на одобрување на канцеларот Мерц паднал на рекордно ниски 10%.

Речник

Во името на светиот Клод, ентер

Муабети во Силициумската долина стануваат сè почести дека инжинерски кругови околу моделот на вештачка интелигенција, Клод, кон него се однесуваат како кон божество. А моделот на човечкото однесување во такви ситуации е познат. Прво обожуваш, па коленичиш пред него па на крај му принесуваш жртви.

Ботови ја диктираат изборната кампања во Израел

Гласачите во Израел се бомбардирани со лажни снимки, монтирани од ВИ, кои изгледаат реално. Ботови наведуваат онлајн дискусии кон специфични агенди и гласаат по анкети. Други прибираат секакви информации за гласачите и им сервираат пропаганден материјал типичен за нивните интереси. Сите партии го прават ова и никоја служба нема интерес да ги спречи.

Турција ја жртвува својата плодна житница за нафтен центар

Во време кога војните ги попречуваат традиционалните извозни рути, Анкара го жртвува последното преостанато јадро на плодниот појас на југот на земјата. Плодната житница Чукурова отстапува место на огромна инфраструктура со петрохемиски комбинати околу стратегиското пристаниште Џејхан, каде што се спојуваат два големи нафтоводи.

Џо Роган за контроверзите на Спотифај

Подкастот на Џо Роган на Спотифај минатава недела беше под звучни критики дека содржел „опасни дезинформации“ за ковид. „Многу работи кои пред некое време ги сметавме за дезинформации, денес се факти. Пред 8 месеци да кажевте дека и вакциниран можете да се закачите и да ширите ковид, ќе бевте отстранети од социјалните медиуми“, поентира Роган.

Новата музика ја губи битката со старата

Старите песни во моментов претставуваат 70 отсто од музичкиот пазар во САД. Оние кои живеат од нова музика - особено загрозениот вид познат како музичар - нема многу леб да се најадат. Сиот пораст во музичкиот свет денес доаѓа од старата музика а најголемите инвестиции се во купување каталози на автори кои се или починати или имаат 70-80 години.

Белата куќа го откажала Интел од производство на чипови во Кина

Проблемот што не може да навјаса да произведе доволно чипови Интел ќе го решава со отворање на нова фабрика за чипови, која по дифолт требаше да биде во Кина, барем додека во плановите не натежна Белата куќа и трговската војна што продолжува да ја води со Кина.

Бајден: Киев може ќе падне

Сижето од телефонскиот разговор е: Бајден не може да го убеди украинскиот претседател дека Русија во секој момент ќе нападне, Зеленски не може да го убеди американскиот претседател дека работите не се толку црни како што тоа нему му изгледа.

Со благослов од Маск, канадските камионџии тргнаа на Отава

Канадските камионџии го минаа Онтарио и продолжија кон Отава, решени да ја блокираат Владата додека не им бидат вратени слободите, односно не се укине задолжителноста на вакцините за сите кои ја минуваат границата. Многу ги има.

Бајден го ситни отпорот?

На Британија и на ЕУ не може целосно да им се верува во судирот со Русија бидејќи и двете страни се „толку многу компромитирани со руски пари“, е предупредувањето од американскиот ЦАП.

Ковид мерките ја чинат Германија 350 милијарди евра

Пандемиските мерки што беа воведени за намалување на страдањата на германскиот народ, ја чинат германската економија околу 350 милијарди евра, проценува Германскиот Економски Институт (IW) од Келн.

НАТО продолжува да ја полни Украина со оружје

Последниве 7 години, САД ја имаат накрцкано Украина со оружје и воена опрема од преку 2,4 милијарди долари а западниот извоз на оружје во оваа земја деновиве работи со полна пареа. Само уште треба некој да гине. А кога не си тоа ти, тогаш е лесна работа.

Стартап за луѓе со фетиш за стоење

Британец заработува по 160 фунти на ден (20 фунти од час) трошејќи го своето време по најразлични редови во Лондон каде чува место за богати клиенти.

А вие мислите НБА се јаки фаци

Шекил О' Нил важи за еден од најголемите хедонисти кои ги видела американската кошарка (Коби има кажано, да тренираше Шекил колку мене, ќе беше најдобар на сите времиња). Но, и над попот има поп. Грамадата вели дека никогаш нема да ја заборави сцената во која го запознал Принц.

Растргнатата суперсила

Првата година на Бајден на власт заврши како и што почна, со САД со сериозни кризи на повеќе фронтови. Пролетта 2021, проблемите на САД беа руски сили на границата со Украина, и кинески во близина на Тајван. На почетокот од 2022, Русија има уште повеќе сили на границата, Кина продолжува да маневрира околу Тајван, а во игра се врати и Иран.

Во Грција снежна апокалипса

Над 5.000 возила беа заглавени на минусни температури на обиколницата околу Атина откако снежна бура го затрупа главниот град на Грција.

Зошто веќе не сум професор на Универзитетот на Торонто

Ужасната идеологија на диверзитет, инклузија и правичност го уништува образованието и бизнисот.

Руската Дума ќе го разгледува признавањето на Доњецк и Луганск

По предлог на пратеничката група на Комунистичката партија одлучено е Советот на државната Дума на Русија да ја разгледа можноста за признавање на двете самопрогласени републики во рамките на Украина.

„1984“ ни се случува на најбизарен можен начин

Глупоќата на политичката коректност оди во гротескни димензии. Орвеловата „1984“ на еден факултет ја даваат со предупредување дека содржи експлицитен материјал кои некои млади можат да го доживеат како навредлив и офанзивен. Како некој да ти викне „пази да не те фати струја!“, а ти му одговараш „глуп еден, не се вика пази, туку внимавај!“

Во Кина „Боречки клуб“ доби многу поинаков крај

По 20 и кусур години филмот доби нова верзија и е наменета за кинеска публика, која излезе дека досега ја гледала погрешната, западна, верзија.

Џеф Безос ќе ја умира смртта

Со три милијарди долари, и тројца од најврвните светски научници на темата, Џеф Безос го започнува својот поход во спречување на стареењето и евентуално смртта.

Ши би сакал Путин да не му почнува војна за време на Олимпијадата

Отворањето на Зимските олимписки игри е на 4 февруари, односно следниот петок. Овој петок пак е крајниот рок до кој САД се обврзаа дека ќе и ги испратат на Русија безбедносните гаранции што ги договараа во Женева.

Знаете дека и „дедо“ сега е проблематичен збор?

Јазикот веќе подолго време е главен фронт на кој се одвива навидум прогресивната културолошка војна за креирање пофер свет. Кој ти го контролира јазикот, тој ти ги контролира и мислите, а на јазичките полицајци никогаш не им е доста. 

Брисел на раб да гори заради ковид-пропусниците

Над 50 илјади луѓе излегоа на улиците на Брисел и се судрија со полицијата, заради несогласување со задолжителните ковид пропусници и останатите анти-ковид мерки што ги воведе тамошната влада.

Ковид стратегијата на свињата

Свињите можат да закачат коронавирус но не се разболуваат од ковид ниту заразуваат други so вирусот благодарејќи на една ефикасна стратегија: нивните заразени клетки се решаваат на самоубиство. Го може тоа и човекот ама свињата е сто пати подобра.

Путин на германски се вика отказ

Првиот човек на германската морнарица мораше да отстапи од функцијата затоа што го пофалил рускиот претседател. Па дури и не го ни пофалил туку само рекол дека Путин бара (а веројатно и заслужува) почитување. Капут.

ЕУ ја запука Полска со 70 милиони евра

Европската унија ѝ наложи на Полска да плати казна од близу 70 милиони евра заради незатворање на контроверзниот судски дисциплински совет. Ставот на Полска засега е: бркајте работа.

Пандемијата го отсвирува своето?

Новата чешка влада го укина декретот по кој вакцините ќе беа задолжителни за сите над 60 години и за клучните социјални работници. Ирска реши да ги дигне речиси сите ковид рестрикции а Светската Здравствена Организација оцени дека забраните за патувања се неефикасни и побара државите да ги укинат или олабават.