На овие 3 милијарди долари финансирање Безос успева да ги улови поранешниот прв научник на ГлаксоСмитКлајн, Хал Барон; добитникот на Нобелот за медицина во 2012 за работа на стем клетките, др. Шинја Јаманака, и добитничката на Нобелот за медицина во 2020 за нејзината работа на КРИСПР (алатката за едигирање гени), Џенифер Дудна.
Главната мисија на стартапот Алто лабс е „да постигнат биолошко репрограмирање, метод кој во основа ги подмладува клетките откако ќе остарат.“ Теоретски ова би требало да значи дека клетките ќе може да го „поправаат“ вашето тело како што старее, па дури и да лечат болести поврзани со годините како деменција.
Фокусирањето на клетките е затоа што стареењето пред да се види на површина се случува на клеточно ниво. Во лабораторија, клетките од кожа на возрасен човек се делат отприлика 50 пати пред да запрат, од кожа на бебе делењето се случува меѓу 80 и 90 пати, кај старите пак околу 20 пати.
Стартапот е финансиран и од руско-израелски милијардер Јури Милнер.