Откако Спотифај застана на страната на Роган околу ултиматумот на Нил Јанг, тој и Џони Мичел ја повлекоа својата музика од Спотифај. Загриженост околу дезинформациите на платформата изразија и јако релевантните Меган Маркл и принцот Хари.
Управата на Спотифај најави дека компанијата не сака да биде цензор на содржини но заради подобра информираност, секоја епизода на платформата на која се зборува за ковид, во иднина ќе оди со придружен „COVID advisory“ кој ќе води до инфо-централа на проверени информации.
„Одберете која тема сакате, секогаш ќе најдете на спротивставени страни. За мене лично постојат многу индивидуалци и ставови на спотифај со кои силно не се согласувам“, пиша основачот на Спотифај, Даниел Ек.
Инаку, етикетата „опасни дезинформации“ почнаа да му се лепат на Роган после две подкаст епизоди: онаа со доктор Питер МекКала, „најобјавуваниот кардиолог во историјата“ и со Роберт Малоун, „кој има 9 патенти за мРНК технологијата“ на која почиваат повеќето денешни вакцини.
Роган порачува дека не може тој да оценува дали ваквите негови гости се во право или не, бидејќи нема квалификации за тоа. Тој е само човек кој разговара со компетентни луѓе:
Повеќе од доктор МекКала види во:
Ран третман на ковид, што беше тоа?
Повеќе од доктор Роберт Малоун види во: