Ран третман на ковид, што беше тоа?

Не беше ништо бидејќи и не постои, тоест ниедна земја нема организиран систем и официјален протокол за ран третман на оваа болештина, иако тоа како пристап се препорачува за сите други болести на светот. Ставете си алуминиумска фолија на глава, имаме неколку видео парчиња на таа тема.

Првото е од гостувањето на доктор Питер МекKала кај Џо Роган. На тема третмани на ковид, овој врвен кардиолог го имаат сослушано и американскиот сенат и сенатот на Тексас. Во подкастот од речиси три часа има многу работи кои треба да се слушнат, го издвојуваме тврдењето дека од 50% до 85% од смртните ковид случаи можеле да бидат избегнати.

„Уште на почетокот постоеше намерно и многу сеопфатно потиснување на раните третмани за да се се создаде страв, страдање, изолации, хоспитализации, смрт... Тоа е направено многу организирано и намерно, за да се се креира атмосфера на прифаќање а подоцна и промоција на масовна вакцинација.“

Настапот на сенаторот Рон Џонсон. Во првите 20 минути го лупа Ентони Фаучи за неговите рани гревови и утки (Сидата прво се пренесуваше со обичен контакт, па после не се пренесуваше така и сл) а потоа зборува за нус-појавите од различните тремани на ковид.

Доктор Харви Ришч е епидемиолог од Јејл, кој со извонредни резултити има третирано преку 150.000 пациенти со хидроксихлорокин. Тврди дека тој медикамент и ивермектинот се многу ефикасни во рано третирање на ковид-19.

„Нивното потиснување нема никаква врска со науката и медицината“

Во последно време, ивермектинот се третира небаре е кокаин па се запленуваат и најбанални пратки. А се работи за лек за кој се има добиено Нобелова награда, лек кој 30 години се издава најлабаво без рецепт и кој, иако има спасено стотици илјади, ако не и милиони човечки животи, упоорно се етикетира како лек за коњи

*********

Види и:

Ивермектинот не чинеше ама Фајзермектинот ќе биде супер?

Токио го тепа ковид со ивермектин

Култот на вакциналната невротичност

Приватно-јавно партнерство во цензурата

15 декември 2021 - 10:43