Токио го тепа ковид со ивермектин

Уште на почетокот на годинава, првиот човек на токиската медицинска асоцијација предложи ивермектинот да добие зелено светло. Надлежните институции го послушаа дури есенва. Резултатите ги гледате на фотографијата.

Во февруари 2021 година, д-р Харуо Озаки, претседател на Медицинската асоцијација во Токио, изјави дека јапонските лекари треба да добијат зелено светло за да препишат ивермектин при првиот знак на инфекција со новиот коронавирус.

Во интервју од август, уште посигурно даде поддршка за ивермектинот откако раните повици му беа игнорирани. Озаки посочи дека има докази од повеќе земји дека ивермектинот се покажал ефикасен за пациентите со дијагностициран ковид:

„Постојат многу трудови дека ивермектинот е ефикасен во превенцијата и лекувањето на [коронавирус], главно во Централна и Јужна Америка и Азија“, рекол доктор Озаки.

Додал и дека иако ефикасноста на ивермектинот е сè појасна, американската компанија која го произведува лекот, Мерк ,ја ограничува дистрибуцијата, тврдејќи дека лекот е неефикасен во лекувањето на ковид. Според него, токму опструкцијата на дистрибуцијата на лекот сугерира дека и на Мерк им е јасно дека тој функционира.

„Ако не вршеше работа, ќе немаше побарувачка за него. Ама, изгледа врши, па ајде да ја стопираме дистрибуцијата.“

На 25 мај, лекарската комора на Индија поднесе тужба против доктор Соумија Сваминатан, главен научник во СЗО, поради штетата направена кон индиските граѓани со кампања против користење на ивермектинот.

Во Мексико Сити, лекарите беа охрабрени да користат ивермектин и други терапевтски лекови во нивната пракса со ковид пацинти. Тоа  резултирало со 52-76 проценти намалување на хоспитализирањата, според истражувањето на Мексиканската дигитална агенција за јавни иновации (DAPI), Министерството за здравство на Мексико и Мексиканскиот институт за социјално осигурување (IMSS).

И еден друг истакнат јапонски лекар, д-р Казухиро Нагао, се заложи за ивермектинот но и за промена на класификацијата на болеста. По него, тој треба да се третира како болест од класа 5, што би значело дека може да се третира како сезонски грип.

Нагао го користел иврмектинот како ран третман кај преку 500 пациенти и практично имал 100 процентна успешност а ефикасноста се чувствувала веќе утредента.

Да потсетиме, Алијансата FCCC (Frontline Covid-19 Critical Care Alliance), на своите страници ги прeдлага следниве протоколи за превенција и ран третман:

 

23 ноември 2021 - 14:55