„Две години возам сешто за секого. Сум бил без веце, без туш, со денови сум гладувал по патиштата. И одеднаш, на владата ѝ текна дека е загрижена за моето здравје,“ вели еден од камионџиите коментирајќи ја одлуката на федералната влада сите камионџии кои ја минуваат границата со САД да бидат задолжително вакцинирани.
„Јас и маж ми последнава година минавме одвоено 269 дена, работејќи за Канада и обезбедувајќи стока и услуги на пазарот и на Канаѓаните,“ вели жена која учествува во протестниот поход.
Еснафското здружение на камионџиите вели дека 90% од членството се вакцинирани но постои малцинство кое не сака да биде вакцинирано.
Премиерот Џастин Трудо тврди дека опозицијата шири страв околу вакцинирањето а конзервативците ги поддржуваат камионџиите:
„Ќе слушнеме сега секакви работи, но не можеме да омаловажуваме илјадници вредни шофери кои покажале дека ги почитуваат законите и кои, да бидеме искрени, многу помогнаа да преживееме овие години,“ вели еден опозиционен пратеник.
Камионџискиот поход на Отава кој добива подршка од граѓани низ целата рута е охрабрен и од подршката на Елон Маск кој порача:
„Канадските камионџии се закон!“
Подршката за камионџиите:
Народната логистика за камионџиите:
Канадските меинстрим медиуми за камионџиите: