
"Од министерот за одбрана побарав веднаш да ме ослободи од обврските и тој го прифати моето барање," напиша вице-адмиралот Кај-Аким Шонбах.
Тој се најде среде лавина критики затоа што зборувал за Путин и Крим надвор од официјалниот германски наратив за тие теми.
Шонбах забелешките ги дал на една тинк-тенк дискусија во Њу Делхи а видеото брзо се раширило по социјалните мрежи по што и министерот за одбрана се огради од изречените ставови.
„Она што Путин го бара е почитување. А нас толку малку, или воопшто нè не чини да му го дадем тоа што го бара а веројатно и го заслужува“, рекол адмиралот.
Вториот грев му е проценката дека Крим е изгубен засекогаш и дека никогаш нема да биде вратен, што е во спротивност за заедничкиот став на Запад дека се работи за анексија која - кај и да е - ќе биде поништена.