
Шпигел пишува дека цената на ковид мерките на германските власти е астрономска за економијата на земјата, и дека федералната влада очекува уште послаб раст во 2022 од тоа што се очекуваше. Најголемиот дел од загубата отпаѓа на парите што граѓаните не ги потрошиле заради најразличните мерки за седење по дома, што национални, што индивидуални.
Моделот на Институтот покажува дека загубата од приватната потрошувачка изнесува околу 270 милијарди долари во последните 8 квартали, и дека мерките исто така ги имаат сменето и купувачките навики на потрошувачите, па голем број Германци и покрај укинувањето на мерките и понатаму не одат во кино, театар или ресторани. Ќарот за Германците е што значително се зголемила сумата на пари што домаќинствата ја заштедиле.
Пандемијата сериозно удрила и на инвестициите, па се проценува дека од почетокот во земјата се вложени околу 60 милијарди евра помалку во „фиксни инвестиции“, пример машини, што пак ќе има долгорочен ефект на економскиот развој.
Економистите потврдуваат дека главен фактор за забавување на растот на БДП-то се националните карантини, кои во 2020 го прекинаа ланецот на набавка и производство.
Освен парите, мерките исто така имаат сериозни последици врз добробитта на младите, па Германија за време на пандемијата бележи 4-кратен раст на обидите за самоубиство кај оваа група.
Институтот пресметува дека до крајот на 2022 дури и да се постигне БДП-то од пред кризата, пак ќе има значителен гап во економскиот производ на земјата споредено со тоа пандемијата да не се случеше. Минатата влада на Германија во 2022 очекуваше раст на БДП-то од 4,1%, новата очекува тоа да биде 3,6%.