
Центарот за американски прогрес (ЦАП) објавува извештај во кои ги критикува и Британија и ЕУ за нивната поврзаност и испреплетеност со руски олигарси. Извештајот тврди дека САД треба да силно да работи со Британија во борба против клептократијта - корумпирани политичари.
Препораката до САД од нив е да се одвојат далеку повеќе ресурси „за истражување на руското перење пари, финансиски криминали и политичка корупција“.
„Посебно Британија, стана главен центар за руските олигарси и нивното богатство, а Лондон го доби прекарот ’Лондонград’.
Искоренувањето на олигарсите поврзани со Кремљ ќе биде предизвик имајќи ја предвид близината на руските пари и британската владејачка конзервативна партија, медиумите, недвижностите и финансиската индустрија,“ се предупредува во извештајот.
И без извештајот од ЦАП, британската влада е критикувана дека не успеала да спроведе најголем дел од препораките од „Извештајот Русија“ од 2020, изработен од парламентарниот комитет за разузнавање.
„Наместо ова, Владата ги отфрли предупредувањата дека валкани руски пари и моќ се инфилтрираат во ’пералната Лондон’ од нелегални финансии и Домот на Лордовите,“ пишува Индепендент.
ЦАП е основан како либерален тинк-тенк кој ќе биде контратежа на администрацијата на Буш и за сето ова време е близок со американските претседатели и администрации, вклучително и Бајден.
Тежината на извештаите од ЦАП е и од таму што во составот на последната американска администрација се проценува дека најмалку 66 поранешни членови на ЦАП влегле во Белата куќа или други државни агенции, меѓу кои има еден министер, висок економски советник на Белата куќа и шефот на кабинет на Пентагон.