Новиот коронавирус е тн зоонотичка болест, што значи дека успеала да најде начин да се префрли од животно на човек. Трансферот е можен и во обратен правец.
Утврдено е различни видови животни можат да го закачат вирусот. Меѓу нив и свињите за кои подолго време се знае дека можат да го имаат коронавирусот, да произведуваат анти-тела но не се разболуваат и не го шират.
Нова студија навестува дека можеби е откриена причината: како реакција на средба со вирусот, нивните клетки умираат а јадрото им се дели на фрагменти.
Овој тип на котролирана смрт на клетките се нарекува апоптоза и иако идејата за „смрт на клетките“ звучи застрашувачки, се работи за корисен механизам благодарејќи на кој наместо да ја прошират инфекцијата на други клетки, заразените едноставно умираат и на тој начин го спречуваат ширењето на заразата. Притоа, се предизвикува минимално оштетувања на ткивата.
За апоптоза е подготвен и човечкиот организам но оној на свињата во овој поглед е 100 пати поефикасен во тоа.
Наместо во апоптоза, нашиот организам често оди во неконтролирана смрт на клетките, наречена некроза, при што содржината на клетката се разлева во околината.