Спомнатиот дедо е само еден од долгата листа на зборови и фрази кои новиот „Водич за инклузивен јазик,“ издаден од Универзитетот во Вашинтон ги маркира како проблематични.
Тука се и “spirit animal,” “brown bags,” “cakewalk,” “jerry-rigged,” “Sherpa,” “mantra,” “totem pole,” “housekeeping”....
„Секој разумен човек кој го чита овој водич ќе биде обземен од неговиот надреален тон. Авторите се опседнати со тоа да објаснуваат зошто обични и нормални зборови треба да престанат да се користат,“ пишува Френк Фуреди.
На пример поимот „домаќинство“ е етикетиран како проблематичен затоа што „во споредба со канцелариска работа, овој термин е родово обоен“. Или препораката да се избегнува поимот „првокласен“ затоа што тоа сугерира дека постои и нешто што е „второкласно“.
Овој лингвистички империјализам има корени во феминизмот од 70-тите години кога почна да се наметнува идејата дека јазикот кој се користи е премногу машки и ги става жените во подредена положба (на пример не постои збор рударка).
Но феминизирањето на јазикот е дури и симпатично во однос на нахалноста и цензорските амбиции на денешните јазички СС дивизии кои вребаат по мрежите и отстрелуваат луѓе ако употребат некој „проблематичен“ збор.
Некогаш пробуваат и да се креативни па коваат зборови како „латинкс“ како замена за родово обоените латино и латина.
„После десет години напнување со тој термин од страна на разбудените, последните сондажи на истражувачкиот центар Пју покажуваат дека само 23% од американската хиспано/латино популација воопшто слушнале за терминот латинкс, а само 3% се идентификуваат како такви“, пренесовме во статијата „Разбудените утнаа и кај латиносите“.
Иако за огромното мнозинство луѓе, ваквите обиди за вештачко насилство на јазикот се смешни, ѓаволот одамна ја однел шегата и јазичниот империјализам воопшто не е виц. Тој веќе длабоко е навлезен во академскиот свет во кој е сè повидлива авто-цензурата, со што се спречува слободно истражување на идеи и концепти.
„Лексичкиот империјализам нема за цел само да го промени јазикот. Ниту пак реалноста. Во крајна инстанца, тој сака да има контрола врз вашиот мозок“, пишува Фуреди.
*************
Види и: