НАТО продолжува да ја полни Украина со оружје

Последниве 7 години, САД ја имаат накрцкано Украина со оружје и воена опрема од преку 2,4 милијарди долари а западниот извоз на оружје во оваа земја деновиве работи со полна пареа. Само уште треба некој да гине. А кога не си тоа ти, тогаш е лесна работа.

Вчера во Украина стигна нова пратка американско оружје, вклучително Џавелин анти-тенковски проектили и лансери, а американската амбасадорка, Кристина Квиен, на овој свечен чин порача дека руските загуби ќе бидат тешки ако Путин реши да ја нападне Украина.

Претходното пакетче од Америка од пред неколку дена, вредно 200 милиони долари, содржеше 80 тони оружје и 90 тони муниција (или како што нагалено се нарекува „lethal security assistance“). 

Група американски сенатори од двете партии, минатата недела ветија дека ќе издејствуваат дополнителна опрема која ќе вклучува против-авионски ракети Стингер, воени чамци и друга опрема.

Од 2014 до сега, САД во Украина имаат испорачано воена опрема вредна 2,4 милијарди долари, од секаков вид, од оружје и муниција до радарски системи.

Тоа не е сè.

Британија минатата недела однесе во Украина 2.000 анти-тенковски проектили, оклопни возила и најави испраќање свои воени инструктори за обука.

Балтичките Естонија, Латвија и Литванија имаат испратено Стингери и Џавелини.

Турција на Украина ѝ има продадено неколку пратки дронови Бајрактар ТБ2 кои се користат против про-руските сили во источен Донбас.

Чешка најави пратка од 125 милиметарска артилериска муниција.

Германија вети дека нема да учествува во дотокот на оружје во Украина но со 6 милиони долари финансира еден проект за теренски болници.  

На украинската листа на нарачки се наоѓаат и :

- Хеликоптери, комуникациски системи и лесни клопни возила од САД.

- Ракетен систем земја-воздух НАСАММ од Норвешка.

- Автономен артилериски систем ДАНА од Чешка и муниција над 120 милиметри.

- Против-воздушен систем од краток и среден домет. 

Ах тој Путин, ќе ни ја запали планетава....

27 јануари 2022 - 12:39