
Конфликтот меѓу Варшава и Брисел по ова прашање влегува во седмата година а во негов центар е дисциплинската комора која има право да казнува и разрешува судии.
Според видувањата на ЕУ, тоа е алатка за политички притисок и контрола на судството кое треба да биде независно од извршната власт. Од своја страна, полската влада тоа го гледа како битен механизам за спречување на корупцијата и неефикасноста на судството.
Тоа е само една ставка во недоразбирањата во поширок контекст меѓу ЕУ и полските суверенисти околу тоа колкава треба да биде улогата на европската политика во внатрешни прашања на земјата.
Европскиот суд за правда лани процени дека дисциплинирањето на судиите не е компатибилно со европските закони но Полска не ја затвори институцијата иако запретената казна беше милион евра дневно за секој ден непочитување на одлуката. Деновиве било испратено првото барање за плаќање на казната.
Истиот суд лани побара Полска да затвори рудник за јаглен во Туров, во близина на границата со Чешка откако оваа земја докажа дека ископувањата ги пресушуваат подземните води од кои зависат чешките села во тој дел од граничниот појас.
На таа фактура, Полска треба да плаќа по 500.000 евра за секој ден во кој рудникот продолжува со работа.