Организаторите на протестите (World Wide Demonstration for Freedom и Europeans United for Freedom) повикаа и луѓе од останатите ЕУ држави да дојдат во Брисел и да ги поддржат, па во главниот град на ЕУ можеа да се видат знамиња од Полска, Холандија, Франција и Романија.
Првично мирните протести се претворија во отворена борба со полицијата и уништување на некои од објектите на ЕУ.
Во Брисел има протести против ковид мерките речиси секоја седмица во изминатата година, меѓутоа обично се собираат околу 5.000 луѓе и никогаш немало вака сериозни судири со полицијата.
Главното барање на организаторот е дека „вонредните мерки мора да бидат донесени на демократски и балансиран начин“.
„Не негираме дека постојат овие болести. Нашите аргументи би биле исти дури и во случај на природна катастрофа или друга криза: политиките на државата мора да бидат промислени и базирани на принципот на демократско владеење на правото,“ изјавил првиот човек на Европејци обединети за слобода.