
Минатата недела Комунистите официјално поднесоа инцијатива Думата да состави предлог за признавање на Народна република Доњецк (ДНР) и на Народна република Луганск (ЛНР) и да го испрати до рускиот претседател. Во барањето на КП стои дека Русија треба да ги признае двете републики како независни и суверени држави, и дека тоа е „разумно и морално оправдано“.
Ставот на спикерот на Думата, Вјачеслав Володин, минатата недела беше дека Советот на државната Дума (составен од претседателот, потпретседателот на Думата и лидерите на пратеничките групи) „правилно е следната недела да се консултира со лидерите на фракциите и да разговараме за иницијативата“.
На првата средба околу ова, вчера, беше решено дека за иницијативата ќе се дебатира на почетокот од февруари.
За Володин неопходно е да побараат решенија што ќе ја осигурат безбедноста на руските граѓани што живеат во ДНР и ЛНР. Според него денес сите можат да видат дека претседателот на Украина го игнорира договорот од Минск, а НАТО сака да ја окупира Украина.
Договорот од Минск предвидуваше и уставни промени во Украина, во кои треба да има децентрализација и изгласување на закон за специјален статус на Доњецк и Луганск.
ДНР и ЛНР објавија независност од Украина во пролетта 2014. До сега ДНР и ЛНР се само меѓусебно признаени како независни држави, плус и двете се признаени од идентично самопризнаената Јужна Осетија.