Вести

Фрли рипче, фати крапче

Донаторите за салата на Трамп од 400 милиони долари, добиле бизниси од 50 милијарди

Булдожерите веќе завршија со пробивањето на Источното крило на Белата куќа за да направат место за контроверзната балска сала на претседателот Доналд Трамп. Некои од најголемите корпорации во земјата тивко помагаат да се плати сметката а нов извештај сугерира дека тие за возврат добиваат огромни бизниси.

250 години САД;

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Нова национална анкета во САД открива воочлив парадокс во јавното расположение за 250-годишнината од Америка: јаз помеѓу силната патриотска гордост на Американците и нивниот недостаток на основно граѓанско знаење од општа култура за својата земја. Пола од нив и не знаат што се оние 250 години што Америка деновиве ги слави.

Иран и Оман доставиле план за наплата на патарини

Иран и Оман веќе им доставиле на Соединетите Американски Држави предлог за администрирање на Ормускиот теснец, вклучително и заедничко собирање такси од бродовите што минуваат низ водниот пат. Теснецот се покажа како главен ирански адут против оние кои го нападнаа и го претворија Иран во сила која ефикасно може да му предизвика економска болка на целиот свет.

Речник

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Бомбашкиот напад врз олигархот Вадим Јермолаев во Монако не е само сведоштво дека Европа станала поле за брутална пресметка на украинските криминални кланови. Тој ги потсети Европејците дека со години се жртви на организирани измами преку кол-центри управувани од земјата која добива силна политичка поддршка од Брисел да стане членка на Европската Унија.

Европа се помирила со неизбежните патарини во Ормускиот проток

Иако американските преговарачи сè уште инсистираат дека можат да обезбедат целосно слободен сообраќај на бродови низ Ормускиот проток, некои европски влади веќе се помириле дека нема враќање на ситуацијата од пред војната и дека ќе мораат да им плаќаат патарина на Иран и Оман. Тоа ќе биде претставено како „такса поради загадување“ и „услуги за навигација“.

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Којa е Америка? Кој ја создаде? Кому Американците му го должат славењето на 250-тиот роденден и дали европските белци со напудрени перики сами го измислија американскиот концепт и беа единствените заслужни за победата над британските сили? За најголемите губитници во колонизирањето на континентот, домородните племиња, и денес не се кажува сè.

Изгубени во терминологијата

Западните сојузници имаат волја да ги обучат и опремат украинските војници, Украина има волја и луѓе кои сакаат да научат од западните сојузници за да можат да ја ослободат татковината. Тоа што фали е луѓе кои ќе помогнат двете страни да се разберат.

Конгресот ја прибра Силициумската долина за да се објаснат околу ВИ

Првиот човек на Претставничкиот дом на Конгресот, Чак Шумер, во Вашингтон ги свика најмоќните луѓе во светот на технологијата за да види што има да кажат околу вештачката интелигенција, и што да се прави во врска со нејзе.

ЕУ купува течен руски гас многу повеќе отколку пред војната

Европската унија се заколна дека драстично ќе го намали увозот на гас од Москва поради нејзината инвазија на Украина. Нешто подоцна,  податоците покажуваат дека купувањето на течен природен гас (ЛНГ) од руско производство не само што не е намалено, туку е зголемено за цели 40%. Зборуваат против инвазијата а ги полнат џебовите на Путин.

 

Разговорот со Путин што го вознемири Шолц

Во првите недели од војната во Украина германскиот канцелар е еден од светските лидери кој разговара со Путин во обид некако да го разубеди од патот по кој е тргнат. Телефонскиот разговор завршува со сериозна вознемиреност на Шолц.

Како Т-64 стана поважен за контраофанзивата од Леопардите

Т-64 ниту е најдобар, ниту е најбрз, ниту е најмоќен, ама го има во доволен број и Украинците доволно не го жалат за да може да ја заврши најтешката работа во контра-офанзивата - да отвора пат низ руските мински полиња.

Смртта на Пригожин и американската воена пропаганда

Авионската несреќа на шефот на Вагнер речиси инстинктивно му се препиша на Владимир Путин. Се разбира, и таа опција не е исклучена, но ако се постави прашањето „Кој има ќар од смртта на Пригожин?“, тогаш се јавуваат некои интересни не-руски осомничени. Занимлив е и коментарот на Зеленски: „Кога викавме дека ни треба помош со авиони, не мислевме на ова“. 

Кремљ почна со изборот на противници на Путин

Како дел од неофицијалните подготовки за претседателските избори 2024 Кремљ веќе има список на подобни противкандидати на Путин, објавува Медуза.

Климатските промени значат стечај за алпските ски-центри

Една четвртина од европските ски ресорти секоја втора година ќе бидат во минус со снег доволно за да не можат да работат, се тврди во едно опсежно истражување кое го анализира покачувањето на просечната температура за 2 степени Целзиусови.

Орвелијанско киднапирање на „транспарентноста“

Транспарентноста со децении беше концепт кој им даваше моќ на медиумите и граѓаните да имаат увид како фунционира власта и каде се трошат парите од даноците. Под влијание од моќни институции и ликови како што е Клаус Шваб, концептот денес значи нешто сосема обратно: граѓаните да се помират со тоа дека немаат приватност, односно дека нема бегање од тоа да им бидат „транспарентни“ на властите.

 

Њујорк тајмс почна по име да прозива непослушни украински генерали

Додека Вашингтон официјално е на ставот „не им се мешаме на Украинците,“ Њујорк тајмс во улога на гласило на Пентагон го објавува украинскиот генерал кој според американската воена врхушка со својата стратегија спречува поголем успех на контраофанзивата.

Не прашувај колку треба да сe плати сè дур гинат Украинци

Украина потроши 3% од американскиот воен буџет за да уништи половина од руската армија гласи победничката пресметка на високиот републикански функционер Линзи Грем, која доаѓа со минимален обѕир за десетиците илјади загинати Украинци кои го овозможија така триумфалниот резултат за Американците.

Британија ќе мора вистински да плати за трговијата со робови

Кралството повеќе нема да може да ги игнорира барањата за исплата на обештетување за трансатлантската трговија и користењето робови од Африка, порачува еден од водечките судии на О.Н., Патрик Робинсон.

Во лукративниот свет на факт-чекерите

Мета и Закерберг упорно ја одбиваат одговорноста околу цензурата на Фејсбук тврдејќи дека за содржините одговара независна и непристрасна мрежа на проверувачи на факти кои работат по строго утврдени принципи и правила. Освен кога не работат така. И освен кога не добиваат дикретно пари од Мета.

Во одбрана на Оземпикот

Лекот за дијабетес кој станува хит меѓу оние кои сакаат да ослабат, како и сè друго што е популарно, е предмет на контроверзи и дебати. И ние сме пишувале за штетните ефекти, но во критиките има и нешто друго: морална осуда на оние кои го земаат, дека сакаат лесно и без страдање да избегаат од својата дебелина.  

Маск ќе умре од труење пред да стигне на Марс

Сопственикот на Тесла, Икс, СпејсИкс, Старлинк... има кажано дека сака да биде првиот човек кој ќе умре на Марс. Научничка од НАСА со долгогодишно искуство, му порача на Илон Маск дека ако тргне во таква самоубиствена мисија, ќе умре и пред да стигне на Црвената планета.

Американците и Украинците во клинч како да ја спасат контраофанзивата

Американски и украински функционери со недели имаат „интензивна дебата“ околу стратегијата и тактиките неопходни за оживување на заглавената контраофанзива, пишува Вол стрит журнал, додека во исто време Њујорк тајмс пренесува американски и западни функционери кои ги критикуваат Украинците дека преголем број единици им се распоредени на погрешни места.

Оние неподносливите цевки се и штетни

Хартиените и бамбусови цевки за пиење кои во име на екологијата се користат како замена за пластичните цевки, многу почесто содржат „вечни хемикалии“ отколку нивните пластични предци.

Германија го враќа кодошењето од времето на Штази

Според новиот зaкон за заштита на свиркачи, секоја германска фирма која има барем 50 вработени, ќе мора да одвои канцеларија во која вработените, без страв од реперкусии по работното место, ќе можат да пријавуваат сè што им е сомнително во нивната фирма или кај колегите. Ќе може да се пријави и ако некој промрчил нешто за уставот.

Епл предупреди да не се спие до Ајфон што се полни

Ајфон треба да се полни на рамна тврда површина (масиче или наткасна), а не на дебел јорган, порача Епл, кој ги замоли своите корисници да престанат да спијат до телефонот.

Што пол си оваа сезона?

Германската влада подготвува нов закон за родово самоопределување по кој за промена на полот нема да бидат потребни никакви услови како што е мислење од психијатар, хормонска терапија и сл. Доволно е државата да ја известиш што си одбрал. Тоа ќе може да се прави еднаш годишно, колку ти душа сака. Ротирањето може да се почне уште на 14 годишна возраст, без дозвола од родителите. 

Илон Маск им објави војна на соросоидите

Сопственикот на Твитер најави тужба против фондацијата на Сорос и невладини организации финансирани од неа заради обиди за гушење на слободата на говорот, која обично ја маскирааат како борба против говорот на омраза. Има и кај нас локални пандани, но, наместо да ги тужиме, ние решивме те да ги жалиме, те да им се смееме.

Само Украина може да ја ослободи Украина, ама за тоа требаат милиони Украинци

Ако Русија на толку бомбардирање на Киев ништо посебно не го наруши функционирањето на главниот град и украинската влада, тогаш Украина уште помалку предизвика какво било посериозно пореметување во Москва. Дури Украина и да ги добие посакуваните ракети, тие нема да ја решат војната. Пресудно за војната е колку Украинци се подготвени да излезат на фронт.

Насоки за секс за вселенски туристи

Секако дека идните вселенски туристи ќе имаат секс во вселената и тоа главно не е проблем, но што и да прават треба да гледаат да не затруднат во вселената, се порачува во истражување направено баш на оваа тема.

Гадафи, ѝ фалиш на Европа

Европа почнува да си признава дека убиството на човекот што ја чуваше европската граница од Африка, а и стабилноста на целиот тој таму регион, е грешка која се уште се плаќа.