Наводно Џонсон побарал од британските разузнавачи да изработат план за упад во холандската фабрика за вакцини, откако ЕУ во март 2021 забранила извоз на вакцини во Британија.
Се работи за дози кои Британија ги имала договорено со Астразенека меѓутоа биле заглавени во фабриката во Лајден заради новите правила на ЕУ.
Против Џонсон се води истрага дека во февруари 2020 не бил целосно сконцентриран на заканата од пандемија затоа што тогаш наводно пишувал биографија за Вилијам Шекспир, за која имал добиено аванс од 88.000 фунти пред да стане премиер.