Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Унгарија ќе ги објави доушниците на комунистичката тајна служба

29 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Унгарските власти наскоро ќе објават десетици илјади документи од времето на комунистичкиот режим, во кои се идентификувани офицери, доушници, кодоши, соработници или потенцијални кандидати за регрутирање.
  • Датотеките во кои се запишани меѓу 50.000 и 60.000 имиња ќе бидат достапни по 4 ноември преку онлајн база на податоци. Досиејата претходно беа достапни само за именувани лица и за нивните блиски роднини. Некои документи ќе бидат редактирани за да се заштитат чувствителни лични информации, како здравствени картони, зависности или сексуална ориентација.
  • Во четирите децении под комунистичка власт, Унгарија имаше обемен апарат за државна безбедност кој ги следеше граѓаните и ја проценуваше нивната лојалност. Покрај редовните офицери и агенти, службата преку уцени и закани регрутираше и обични граѓани за да следат свои колеги, пријатели, соседи и роднини и да поднесуваат извештаи.
  • За прашањето дали воопшто да се објават документите се води дебата уште од 1990 година, главно поради претпоставките дека многумина активни политичари биле поврзани со тајните служби.
  • „Унгарското општество не успеа ниту да го проголта, ниту да го исплука овој проблем уште од промената на режимот“, вели директорот на архивот, Ѓерѓ Бендегуз Чех.
извор

Мелони и со војска ќе го брани Милано

20 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Италијанската влада ќе прераспореди дополнителни 500 војници за да го „одбранат Милано“ по дводневните немири во кои демонстрантите се судрија со полицијата, ограбуваа продавници и уништуваа имоти, изјави вицепремиерот Матео Салвини.
  • Распоредувањето на војниците ќе биде дел од пакетот нови безбедносни мерки кој го носи владата во време кога продавниците во центарот на Милано рано ги затвораат вратите и ги покриваат прозорците со штици.

  • За време на викендот биле приведени 271 млад човек во Милано а на немирите им претходеа судири во други градови во северна Италија, вклучувајќи ги Болоња, Бреша, Бергамо и Торино. 

  • Причини за протестите се зголемените трошоци на живот, нефункционирање на институциите и неквалитетот на јавните сервиси. 
извор

Алберта гласаше да остане во Канада

20 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Огромно мнозинство на граѓаните на Алберта се изјаснија нивната провинција да остане во Канада и да не распишува обврзувачки референдум за прогласување независност.
  • Нецелосните резултати од вчерашниот необврзувачки референдум покажуваат дека 76% од граѓаните гласале да останат во Канада.
  • Иницијативата ја покрена премиерката на Алберта, Даниел Смит, со цел да се спротивстави на федералните еколошки регулативи, да ја заштити нафтената индустрија на провинцијата и да изнуди поголема политичка и економска автономија од централната власт во Отава.
  • Додека федералистите ја славеа победата, многумина критичари забележаа дека не е за радување фактот што 23% од жителите на богатата провинција се изјасниле за независност. Анкети спроведени во јануари покажаа дека едвај 10% ја поддржува иницијативата за отцепување.
  • Мич Силвестр, еден од клучните лидери на сепаратистите, истакна дека движењето за независност „нема да исчезне“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Боже, дај ми знак

Разно
2

Нова црногорска епика

Балканштина
3

Париз гори, а има и кој да се чешла

Забава
4

Приказна на денот

Забава
5

Богати и славни

Македонштина
6

Едно академско прашање

Балканштина
7

Суптилни разлики во облекувањето

Видео
8

Од март камери ќе наплаќаат патарина во Хрватска

1

Од март камери ќе наплаќаат патарина во Хрватска

2

Книгата која Западот одбива да ја прочита

Мислења
3

Мрзливата Европа го преспа подемот на Индија и Кина

Бизнис
4

Маск чести: По 1 акција од SpaceX за секое дете во САД

5

Администрација: Два кеца за црвен картон

6

Обвинет за лажен исказ, вештак продолжил да сведочи за „Пулс“

7

ББЦ Државна

Свет
8

Антропик ќе забрани „малтретирање“ на Клод

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Кои денови сте затворени?

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Балканштина

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина

Ние би му ставиле петка

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Малку ви е, телиња, малку

Знаете ли што е грејсексуалец?

А нам Иван ни се падна

Каде исчезна онаа доба на џиновите?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy