Компанијата Мета (Фејсбук, Инстаграм, WhatsApp) најави дека ќе се залага за забрана за употреба на алатки за вештачка интелигенција за политичко рекламирање и комуникација со гласачите во сите земји каде што имаат нивни корисници.
Вештачката интелигенција може да има и позитивна и негативна улога во политичките кампањи, само што стравот од негативното го надминува она што би било корисно и за политичарите и за гласачите.
Во позитивна смисла, вештачката интелигенција би можела да помогне при изготвување закони, но и при анализа на предложени закони. Тоа би заштедило време и би укажало што е важно за една политичка опција.
Четбот лесно може да ја дефинира и објасни политиката на партијата, и тоа посебно за различни групи и возрасти. Потоа, некоја друга алатка за вештачка интелигенција би можела да го продава тоа токму на оние за кои е создадено. Практично без никакво креативно влијание од луѓето, освен содржината на која ботот е обучуван.
Многу поголем проблем се лажните вести што може да ги создава четботот и да ги прилагодува на целната публика. Иако тие се дизајнирани да не пишуваат негативно, овие ограничувања можат релативно лесно да се заобиколат.
Затоа, експерти препорачуваат корисниците да бидат многу внимателни за време на изборна кампања кога се во прашање социјалните мрежи. Најрадикален совет е воопшто да не ги користите до изборите, ниту една од нив, бидејќи големи се шансите таму да ве демнат пораки создадени по ваш вкус.
Друг совет е да бидете параноични, односно да не верувате во ништо што гледате или читате на интернет.
„Кога сето ова ќе се сумира, доаѓаме до малку застрашувачко сценарио. Некој кој е оспособен за користење вештачка интелигенција би можел со нејзина помош да смисли идеологија, да формира партија и со помош на алгоритми, лажни вести и манипулации да регрутира симпатизери и гласачи. До пред една година ова беше научна фантастика. Денеска не е и во оваа реаланост, луѓето би служеле само како гласачи“, пишува Зоран Станојевиќ.