Планот беше клучен за ЕУ иницијативата за зголемување на снабдувањето на Украина со виталните 155-милиметарски гранати, која им дозволува на членките да прават нарачки преку контактите договорени од Европската одбранбена агенција.
Од милионот ветени, ЕУ членките на Украина и испратија 480.000 гранати, но од своите залихи, а не од нова муниција произведена од нарачки по планот на ЕУ.
Едно објаснување за неисполнување на ветувањата е дека владите едноставно не се подготвени да застанат зад својата реторика за долгорочна поддршка на Украина.
Друго е дека на индустријата и е потребно време за да зголеми производството и да ги врати во погон изгасените капацитети за производство на 155-ките, кои до сега не се сметаа за приоритет за модерните војски. За дел причината е што планот на ЕУ дозволува набавката да се направи само од европски и норвешки производители.