Предлогот е на британски Офком кој е задолжен за спроведување на новите закони за онлајн безбедност кои треба да ги заштитат децата на интернет. Планот со скенирање на лицето се смета за помалку „нападен“ отколку аплоудирање на лични карти и други документи за идентификација.
Системите за проценка на возраста веќе се користат од компании како Инстаграм за да се утврди возраста на новите корисници. Целиот процес се врши со помош на вештачка интелигенција која ја погодува возраста врз основа на база од илјадници фотографии што ги има изучувано. Јоти, компанијата што ја врши оваа услуга за Инстаграм и Онлифанс, тврди дека сликите што се аплоудираат за препознавање се бришат во истиот момент кога ќе заврши препознавањето. Нивната технологија со 99,65% точност може да утврди дека лица од 13 до 17 години се помлади од 23 години.
Во случај корисникот да е погрешно идентификуван како малолетник, планот на Офком е системот да му понуди да аполоудира кредитна картичка или лична карта за да ја докаже својата возраст.
Без разлика во која форма ќе бидат воведени новите проверки, тоа што во иднина нема да биде прифатливо од британскиот регулатор е корисниците сами да кажат дали се или не се постари од 18 години.