НАТО учебниците треба да одат во архива

Признавајќи дека украинската контраофанзива пропаднала, секретарот за национална безбедност и одбрана на Украина кој го координира воениот кабинет на таа земја, порача дека учебниците и прирачниците на НАТО се покажале како застарени и треба да заминат во архива. Парите кои Киев ги очекува од Запад не се застарени.

Пред почетокот на украинската контра-офанзива која требаше да врати делови од териториите кои Русија ги освои и да се пресечат руските линии за снабдување на Крим, Алексеј Данилов беше оптимистичен и проценуваше дека пред нив е историска шанса.

Кон крајот на мај тој кажа дека „Киев нема право на грешка.“

„Луѓето понекогаш и грешат,“ вели тој денес.

Данилов оцени дека моменталната ситуација на фронтот е многу тешка за Киев а важечките прирачници на НАТО за обука за борбени дејства се покажале како застарени. 

Претходно Њујорк Тајмс пишуваше дека обуката на украинските вооружени сили кои ја водат американски инструктори, особено маневрите кои претходно биле користени во Авганистан и други земји, не донеле резултати.

Данилов не губи верба во конечната победа на Украина и уверен е дека ќе стигне нова американска помош за земјата.

„Ако добиеме подарок пред Божиќ, ќе бидеме среќни заради тоа. Ако тоа се случи подоцна, не треба да правиме трагедија“, рече Данилов за БиБиСи.

Зеленски од САД очекува пакет од 60 милијарди долари кои се заглавени затоа што Републиканците се сè повеќе скептични во целисходноста на бескрајното испраќање помош за Украина.

12 декември 2023 - 18:14