Средбата е закажана за 14 јануари и на нејзе ќе учествуваат советници за безбедност од неколку држави. Тема на разговорите ќе биде „мировната формула за Украина“ која треба да стави крај на војната во земјата.
Разговорите во Давос следуваат по средбата на Малта на истата тема во октомври на која учествуваа околу 70 држави од целиот свет, но не и Русија.
Украинскиот мировен план во сегашната форма предвидува итно повлекување на руските сили од сите окупирани територии, вклучително и Крим.