Вести

ЕУ крева антидемократски штит

Битката за слободата на говорот во Европа веќе не се однесува само на тоа што на луѓето законски им е дозволено да го кажат. Сега станува збор за нешто пошироко: кој одлучува што може да видат, кому треба да му веруваат и кои идеи се класифицирани како ризици, сето тоа сервирано како „борба против дезинформациите“.

И роботот од главата си пати

Тесла сериозно ги зголеми капацитетите за производство на роботот Оптимус но во меѓувреме сфати дека обемот не е главниот проблем. Роботот знае да беспрекорно да извршува комплицирани задачи за кои имал обука но паѓа на базични, генерални задачи. Ќе му кажеш да ти донесе пиво од фрижидер, тој ќе ти донесе Газоза.    

Кремљ ги натера компаниите самите да се бранат од украински дронови

Кремљ ги притисна руските компании самите да придонесат за сопствената одбрана од украински дронови. Оние што ќе изнајмат противвоздушни системи од војската ќе бидат ослободени од даноци. Оние што ќе одбијат може да бидат преземени од државата. На приватните стражари околу критичните објекти им се нудат високи плати и гаранции дека нема да бидат мобилизирани.

Речник

Израел знае да биде и маќеа

Израелското државјанство, како еден од столбовите на ционистичкиот проект, никогаш досега не им било одземено на Евреи. Нетанјаху сега бара да им биде одземено на авторите на шокантниот документарец „NAZA“ во кој се прикажани израелски злосторства во Газа. Режисерите стануваат „непријатели на еврејскиот народ“ и се третираат како „егзистенцијална закана“ за државата.

САД си заминаа од Ирак, Курдите нека се снаоѓаат со хаосот

Речиси две и пол децении по воената инвазија во која го соборија Садам Хусеин, американските сили целосно се повлекоа од Ирак. Овојпат, се чини, засекогаш. На Курдите, своите најцврсти сојузници во регионот, не само што не им обезбедија заштита, туку и ги изложија на нова закана од иранските милиции, кои одбиваат да се разоружат и ги засилуваат нападите.

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Сончевата светлина и облаците ја движат климата, не CO2

Дека станува топло, станува. Дека станува пототопло од што паметиме, тоа го потврдуваат мерењата. Но од што, мајку му? Најчесто се вели дека постои научен консензус околу тоа дека главен виновник за глобалното затоплување е јаглерод диоксидот. Но, кога ќе слушнете научен консензус, сетете се на „научниот консезус“ дека ковидот не е од лабораторија а вакцините спречуваат трансмисија.

Мосад дигна во воздух илјадници пејџери на Хезболах

Застрашувачка демонстрација на моќта и оперативната ефикасност на израелски МОСАД. Пресретнале илјадници пејџери нарачани од непријателскиот Хезболах во Либан, ставиле што треба да стават во уредите, почекале да бидат поделени меѓу борците во Либан и Сирија и истовремено им ги експлодираа со лажна порака. Кому в рака, кому в џеб. Јој!

Почна судската битка за наследник на Руперт Мурдок

Основачот и актуелен господар на медиумската империја и богатство проценето на 14,9 милијарди фунти, Руперт Мурдок деновиве на суд во САД треба да се објасни со своите три најстари деца чии се парите.

Онлифанс во 2023 исплатил повеќе за плати од НБА

Креаторки и креатори на Онлифанс минатата година заработиле над една милијарда долари повеќе отколку некои од најелитните кошаркари во светот.

Амазон ќе ги прибира сите во канцеларија, пет дена неделно

И четири години по пандемијата најголемите глобални компании не можат да ги убедат своите добро платени вработени дека се работи од работа, а не од дома. На Амазон му прекипе, па даде ултиматум до јануари 2025.

Птиците не умираат пеејќи

Интернетите на Хрватска, Словенија, Австрија... деновиве беа полни со фотографии од птици кои се туткаат во поголеми групи по балкони и симсови. Не е тоа подготовка за преселба туку снаоѓање во потребата да преживеат бидејќи температурите се спуштија преку ноќ  а тие не успеаја да емигрираат во потоплите краеви.  

Тивката пандемија од отпорни супер-бактерии

Голема нова студија предвидува дека во следните 25 години, над 39 милиони луѓе во светот ќе умрат од инфекции отпорни на антибиотици. Се очекува сегашниот број на вакви фатални епилози да се удвостручи што значи дека ќе се умира и од банални инфекции а рутинските операции стануваат ризични.

Атентатите врз Трамп се покриваат со погрешни прашања

Оние кои после првиот атентат врз Доналд Трамп не веруваа дека тоа е дело на осамен лудак туку-така качен на покрив со пушка, беа убедени дека моќните структури кои го извеле тоа, нема да се откажат после првиот неуспех. Ете, се случи и втор обид. А големите медиуми поставуваат брилијантно погрешни прашања, од типот, мора ли Трамп толку да игра голф?

Италија на раб на зовривање, им поскапе кафето

По процените на една од најголемите потрошувачки асоцијации во земјата, Асоутенти, цената на шолја еспресо во земјата од 2021 е покачена за 15%, и денес на одредени локации таа знае да чини и до 2 евра. Мхм, за 2 евра еспресо ќе се фаќаат за кука и мотика.

Од Шведска со љубов: никако екрани за деца

Деца до 2 години (по ново - тодлер) не треба да видат екран ни еден минута од својот живот, и тоа опфаќа сè од телевизор и таблет уред, до смартфон. Ништо.

Нема деца

Колапсот на стапката на новороденчиња која почнува во Европа по Втората светска војна, во изминатите децении е проширена низ цел свет. Да, вклучително и Кина.

Нови бајки за европската конкурентност

Технолошкото заостанување на ЕУ зад САД и Кина не е последица на недостаток на инвестиции туку на кусок од суверенитет и спремност да се бранат сопствените компании од американската конкуренција, смета Арно Бертран. Додека ЕУ не смени нешто фундаментално во своето управување и начин на размислување, ќе продолжи да си ја брка својата опашка.

Курти го игнорира Запад и му оди одлично

Косовскиот премиер Албин Курти сите ги става пред свршен чин со своите акции на северот на Косов, вели аналитичарот Марко Прелец кој има докторирано на Јејл и работено за Хашкиот трибунал и Меѓународнта кризна група. Проценува дека би можело да следи презенање на српските училишта и болници.

Каматата на САД надмина илјада милијарди долари

За прв пат во историјата американската влада годинава ќе треба да плати повеќе од 1.000 милијарди долари камата за националниот долг кој достигна 35,3 илјади милијарди долари, објави тамошното министерство за финансии.

Зијан од 4,2 милиони долари за 20 минути

Кинеска продавница ги моли своите муштерии да ги откажат нарачките на машини за перење бидејќи вработената ставила погрешна цена на сајт и сега се во минус од над 4 милиони долари.

Унгарија подготвена да ја тужи ЕУ

На повидок ново продлабочување на јазот меѓу Унгарија и централата во Брисел. Земјата ги разгледува правните решенија за тужење на Европската комисија откако беше казнета со 200 милиони евра заради нејзините рестриктивни миграциски политики. Унгарија вика дека дала многу повеќе за да се заштити себе и Европа и планира да си ги врати парите.

Треба да работиш 104 дена по ред за да стигнеш до дефект на органите

Кинески молер умира од дефект на органите откако работел 104 дена со само еден ден одмор. Дечкото имал 30 години, почнал да работи на крај од февруари и издржал до крај на мај.

Јутјуб ќе престане на децата од Европа да им покажува фитнес видеа

Европската младина ќе биде заштитена од ужасите на гледање видеа од луѓе кои вежбаат или предлагаат да се вежба, кои Јутјуб одлучи по ново да ги жигоса како штетна содржина.

Тајм го шутна Илон Маск од 100-те највлијателни луѓе во ВИ

Годинешната листа на магазинот Тајм со луѓе кои се клучни за напредувањето на вештачката интелигенција и одредување на насоката во која истата се движи го нема Илон Маск, ама затоа ја има Скарлет Јохансон.

Мозоците на тинејџерите значајно остареле во пандемијата

Мерките кои се преземаа во ерата на пандемијата како што беа карантини, заклучување дома, затворање училишта, откажување спортски и други настани довеле до тоа мозоците на тинејџерите кои минуваа низ тој период битно да остарат. Не малку, туку цели четири години, утврдиле истражувачи од Универзитетот Вашингтон.

Научниот естаблишмент ја претвори „науката“ во догматска алатка за репресија

Времето на пандемијата беше страшно за научниците кои не се согласуваа со доминантните наративи и официјалните здравствени политики. Во нивното оцрнување не учествуваа само социјалните медиуми туку и нивни колеги научници кои создаваа атмосфера за линч. Подоцна добар дел од укажувањата се покажаа точни, ама тоа стана лански снег. Научниците кои дигаа глас преживеаја, но угледот на науката - не баш.

Европската унија е пред перестројка

Извшетајот за конкурентност кој за Европската комисија го изготви Марио Драги го соочи Брисел со скапа вистина. Без дополнителни инвестиции од 800 милијарди евра годишно, континентот ја губи трката на глобалниот пазар и станува небитен. Европските бирократи можеби се надеваа дека ќе им биде препорачана шминка, а оно да ти требало сериозно преструктиурање.  

Трамп против Камала и уште двајца

Како што тоа обично бива, фановите на Камала се убедени дека таа победила на првото соочување со Трамп а фановите на Трамп пак, никој не може да ги разубеди дека тој не ја растурил неа. Потрезвените посматрачи велат дека дебатата не направила никаков сериозен пресврт. Се нафрлат сега цитати и мемиња но најголемата поука, особено за Трамп, е да се пази на кој  медиум се оди на дебата. 

За Британија никогаш доволно крв и смрт

Истите овие што за сега се главни осомничени за неуспехот на мировните преговори во Истанбул меѓу Русија и Украина, кои според сведоштва стигнале до отворање на шампањско пред да се јави Борис Џонсон, сега почнаа отворено да навиваат за војна меѓу Русија и Кина.