Мосад дигна во воздух илјадници пејџери на Хезболах

Застрашувачка демонстрација на моќта и оперативната ефикасност на израелски МОСАД. Пресретнале илјадници пејџери нарачани од непријателскиот Хезболах во Либан, ставиле што треба да стават во уредите, почекале да бидат поделени меѓу борците во Либан и Сирија и истовремено им ги експлодираа со лажна порака. Кому в рака, кому в џеб. Јој!

Пет илјади пејџери на шиитската милиција во Либан и борци на Хезболах во Сирија експлодираа во ист момент откако биле активирани со лажна порака.

Зад досега невидената операција од ваков тип стои Мосад кој пресретнал пратка од пет илјади тајвански пејџери за Хезболах, во уредите вметнал по пар грама експлозив до батеријата кој пак се активирал неколку секунди откако била примена лажна порака од претпоставените, пауза за која претпоставувале дека е доволна да го земеш уредот и да го свртиш в лице за да ја прочиташ пораката.

Подоцна се дозна дека под тајвански бренд, пејџерите биле произведени во Унгарија.

Преку три илјади луѓе се повредени а 12 (две деца) го изгубиле животот. Паѓале од отори, по пазри, на шалтери. Меѓу повредените е и иранскиот амбасадор во Бејрут.

*********

*********

18 септември 2024 - 08:14