Кина конечно официјално призна дека нејзината популација почнала да се намалува, а бројката на население што ја дава тамошната влада, од 1,44 милијарди луѓе, за голем број демографи е до 130 милиони луѓе поголема од реалната.
Индија, земјата која ја надмина Кина по бројот на популација, иако продолжува да расте, растот нема да успее да го одржува уште долго време. Според официјални бројки просекот во земјата е паднат на 2 деца по жена, што е под границата од 2,25 неопходна за одржување на сегашната популација.
Истата ситуација се повторува низ цел свет, вклучително и во Латинска Америка, Блискиот Исток и Африка.
Процената на демографите е дека за прв пат во човековата историја светот нема доволно бебиња за замена на популацијата. Се смета дека популацијата ќе продолжи да расте до средината на векот, по што „демографскиот моментум завршува и ние доаѓаме до второто мрачно достигнување на човештвото.“
„За прв пат од Црната чума во Средниот век, бројот на луѓе ќе почне да се намалува.
Во 14-от век Црната чума била најлошата пандемија во човековата историја. Убила половина од населението на Европа и можеби една третина по популацијата на Блискиот исток.
Меѓутоа дури чумата ги полнеше масовните гробници, преживеаните ги полнеа колевките. И бидејќи стапката на новороденчиња остана висока глобалната популација успеа да се врати, иако за тоа и требаше еден век.
Овој пат можеби нема да бидеме толку среќни. Сите фактори кои влијаат на плодноста, од стапка на бракови, до урбанизација и нивоа на образование, го туркаат надолу бројот на новороденчиња,“ пишува демографот Стивен Мошер во текстот за Њујорк пост.
Мошер критикува и дека О.Н. не се баш најискрени и најточни во своите бројки како за плодноста така и за стапката на новороденчиња неопходна за замена на населението. Според организацијата тоа е 2,1 дете по жена, додека Мошер смета дека поверојатно е тоа да е 2,3 деца по жена.