На листата очекувано го има ЦЕО-то на Нвидиа Џенсен Хуанг, на чии чипови ја напојуваат глобалната ВИ индустрија, и првиот човек зад ЧатГПТ, Сем Алтман, најуспешниот ВИ проект до сега.
Од друга страна човекот кој започна сопствен проект за отворена ВИ, ИксАИ, и кој беше еден од првите инвеститори во ЧатГПТ, Илон Маск, не е ни спомнат меѓу овие 100. Освен ова Маск во 2016 го основа Неуралинк, кој минатата година успешно имплантираше чип во мозокот на парализиран пациент и му овозможи да сурфа на интернет и да игра интернет игри со својот ум, а неодамна го пушти во погон Колосус, според него најмоќниот Нвидиа суперкомпјутер за обука на ВИ.
Покрај Скарлет, која на листата завршува заради нејзиниот активизам против неавторизирано користење на ВИ, таму се и првите луѓе на Мета, Микрософт и Алфабет.
Освен тоа дека на годинешната листа нема 91 од ланските 100 влијателни, од Тајм не го коментираат исклучувањето на Илон.