Атентатите врз Трамп се покриваат со погрешни прашања

Оние кои после првиот атентат врз Доналд Трамп не веруваа дека тоа е дело на осамен лудак туку-така качен на покрив со пушка, беа убедени дека моќните структури кои го извеле тоа, нема да се откажат после првиот неуспех. Ете, се случи и втор обид. А големите медиуми поставуваат брилијантно погрешни прашања, од типот, мора ли Трамп толку да игра голф?

Баш уникатно е во период кој се мери во недели да има два обида за атентат врз поранешен претседател и претседателски кандидат, обата означени со неверојатни пропусти. Тоа што во првиот обид, стрелецот успеа да се доближи толку блиску до Трамп, само по себе е збунувачки.

„Уште повеќе, далеку од тоа да го третираат ова како нешто што заслужува најинтензивна истрага, медиумите се повеќе фокусирани да ги извртат приоритетите за да го исполнат својот најитен идеолошки и политички прерогатив: спречување на Трамп да биде реизбран“, пишува Ешли Риндсберг.

Њујорк Тајмс, на пример, следејќи ги настаните околу вториот атентат, во наслов напиша дека тој „покренува прашања за способноста на тајната служба да ги заштити кандидатите“.

Бааги чуден заклучок ако се има предвид дека ниеден друг кандидат не бил мета освен Доналд Трамп. Вистинското прашање е за способноста - и подготвеноста - на агенцијата да го заштити Трамп.

Чудно е што и покрај фактот дека за првиот атентат во Батлер, Пенсилванија, се дозна многу малку, медиумите веќе ја имаат напуштено таа приказна. При тоа, не беа формирани оперативни новинарски групи за да го истражат тој случај барем со истата онаа страст со која со месеци се истражуваа лажните наводи за поврзаноста на Трамп со Москва.

Ако се пишува многу за атентатот, тоа може да го потртретира Трамп како жртва или маченик, а тоа не е баш згодно за неговите политички противници пред избори.

Во извесна рака, Њујорк Тајмс дури се обиде и вината да ја префрли на самиот Трамп, пишувајќи дека неговата склоност да игра голф е голема компликација за тајните служби и обезбедувањето.  

На најтешките и најважните прашања немаме одговори. Кој е Томас Метју Крукс, кој пукаше во Трамп во јули? Кои беа неговите мотиви? Како 20-годишен дечко без докази за професионална обука се искачи на покрив на само 130 метри од бината каде што зборуваше Трамп? Како можел да испука осум куршуми пред да биде убиен? Зошто му беше дозволено да ја извидува локацијата? Зошто не беше неутрализиран кога првпат беше забележан како лежи на покривот спроти Трамп? Зошто тој покрив беше незаштитен? Зошто беше потребно толку време Трамп да излезе од местото?, наведува Риндсберг.

**********

Види:

Пак ќе пробаат да го скинат Трамп до ноември?

16 септември 2024 - 14:32